Како да постапите при сончаница и топлотен удар

Топлите сончеви денови кои ни претстојат кријат сериозни ризици за нашето здравје. Топлотните удари се многу честа појава, па заради тоа неопходно е да ги знаете следните совети за прва помош при овие ситуации.

Сончаницата настанува после подолго изложување на главата (особено тилот) под влијание на сончева топлина.

Знаци: сува кожа, изразено црвенило на лицето, зголемување на телесната температура, главоболка, вртоглавица, чувствителност на светло и мачнина.

Постапка на прва помош:

- Сместете ја личноста во поладна просторија.

- Разладете ја со ладни облоги на главата.

- Дајте и’ вода или природен овошен сок со совет да ги пие бавно, со мали голтки.

- Следете ги знаците на животни функции (свесност и дишење), а во случај на влошување на состојбата повикајте брза медицинска служба и применете ги потребните постапки за прва помош.

Топлотната исцрпенот е пореметување на здравствената состојба предизвикана од обилно потење и несоодветно надоместување на изгубената вода и сол од телото.

Знаци: силно потење (бледа, влажна и леплива кожа), главоболка, малаксаност, вртоглавица, загуба на апетитот, мачнина и повраќање, нормална телесна температура, жед, грчеви во рацете, нозете или стомакот, забрзано дишење и работа на срцето, а можно е и губење на свеста.



Постапка за прва помош:

- Сместете ја личноста во поладна просторија.

- Разладете ја со ладни облоги на главата.

- Поставете ја во лежечка положба со подигнати нозе и советувајте ја да мирува.

- Надоместете за изгубената течност и сол (електролити) со давање на некој од следните напитоци преку уста:

  • готови изотонични напитоци кои се достапни во продавниците;
  • прашок за растворање кој содржи мешавина на потребните соли и шеќери, а може да се набави во аптеките;
  • раствор кој можете да го подготвите сами така што во литар вода ќе ставите половина мала лажичка сол и шест мали лажички шеќер.

Следете ги знаците на животните функции (свесност и дишење), а во случај на влошување на состојбата повикајте брза медицинска служба и применете ги потребните постапки за прва помош.

Топлотниот удар настанува во услови на исклучително високи температури и влажност на воздухот, што оневозможува разладување на телото преку потење, со што се губи контрола над регулацијата на температурата на телото. Како резултат на тоа доаѓа до прегревање на телото. Ова пореметување на здравствената состојба е сериозна закана по животот, бидејќи без укажана помош е смртоносно.



Знаци:

Изразено зголемена телесна температура (над 40 °C), црвена, топла и сува кожа (кај младите лица кожата може да биде и испотена), силна главоболка, вртоглавица, мачнина и повраќање, вознемиреност, конфузност, забрзан пулс и пореметување на нивото на свесност.

Постапка за прва помош:

- Сместете ја личноста во поладна просторија.

- Поставете ја во удобна седечка положба.

- Што побрзо започнете со разладување на телото на заболената личност (завиткајте ја во влажни чаршафи или попрскајте го телото со вода истовремено создавајќи вештачки ветар со лепеза или вентилатор).

- Веднаш повикајте итна медицинска служба бидејќи е нужно лечење на ова пореметување во здравствена установа.

- Следете ги знаците на животните функции (свесност и дишење), а во случај на влошување на состојбата повикајте брза медицинска служба и применете ги потребните постапки за прва помош.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби