Фасцинантни нешта кои не ги знаете за вашата кожа

Веројатно никогаш не сте размислувале за ова, но нашата кожа е неверојатен мултитаскер кој симултано ги заштитува нашите органи, произведува клетки и ни помага да ја одржиме температурата на телото.

Колку многу знаете за неа, покрај тоа што треба да ја заштитувате од УВ зрачењето? Ви претставуваме неколку фасцинантни факти.



Имате МНОГУ кожа

Кожата е најголемиот орган на телото. Втор по големина е црниот дроб.

Дебелината на кожата не е иста низ целото тело

На пример, кожата на очните капаци е најтенка (околу 0,05 милиметри), додека на дланките и стапалата е наjдебела (околу 1,5 милиметри).

Вашата кожа е тешка

Околу 16 проценти од целокупната телесна тежина отпаѓа само на кожата.

Кожата не е составена само од еден слој

Постојат 3 слоја на кожата: епидермис, дермис и хиподермис. Хиподермисот е највнатрешниот слој и е составен од масти и колаген. Дермисот е средниот слој и тој е одговорен за 90 проценти од дебелината на кожата. Епидермисот е надворешниот слој кој служи како заштитна бариера помеѓу телото и надворешната средина.



Секоја минута ви отпаѓа шокантен број на клетки

Губите од 30.000 до 40.000 клетки на кожата секоја минута.

Кожата му помага на вашето тело да ја регулира температурата

Кога надворешната средина е топла, крвните садови кои се наоѓаат на површината на вашето тело се шират и на тој начин низ кожата се ослободува топлина. Кога на телото, пак, му е ладно, крвните садови во кожата се стеснуваат.

Вашата кожа имала поинаква боја кога сте се родиле

Здравите новороденчиња имаат црвена или розева боја на кожата.

Акните се најчестиот дерматолошки проблем кај луѓето

Повеќе од 85 проценти од луѓето се соочуваат со овој проблем во текот на нивниот живот.



Акните се појавуваат дури и кај бебињата

Во овој случај акните не се резултат на бебешки хормони, туку се предизвикани од хормоните на нивните мајки кои сè уште се наоѓаат во крвта на бебињата.

Лузните настануваат кога е оштетен вториот слој на кожата – дермисот

Колагенот на лузните се разликува од колагенот на нормалната кожа, па така лузната останува дури и кога постојните клетки умираат и се заменуваат со нови. Исто така, од ткивото на лузната не може да пораснат влакна.

Начинот на кој спиете влијае врз кожата

Доколку спиете со лицето залепено на перницата ќе ви се појават повеќе брчки.



Кожата на бебињата е покриена со восочна супстанца наречена vernix

Оваа супстанца ја заштитува кожата на фетусот во утробата на мајката. Најчесто отпаѓа со првото миење на бебето кога ќе се роди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби