Препознајте го стресот кај децата

Дури и бебињата може да бидат напнати и под стрес, иако ни се чини дека баш и немаат за што да се бунат. За да водите поздрав и поурамнотежен живот со вашите деца, добро е да знаете да ги препознаете симптомите на стрес кај нив.



Д-р Адел Кадие, од детската болница во Мичиген, тврди дека постојат 6 знаци преку кои родителите можат да проценат дали стресот може да предизвика некои сериозен проблем кај нивното дете.

Шест знаци за стрес:

- Зголемени проблеми при однесувањето и емоционалните реакции
- Промени во ритамот на спиење (помалку или повеќе сон)
- Промени во апетитот (некои деца го губат апетитот додека други се хранат со нездрава храна)
- Промени во училиштето
- Промени во здравјето (најчесто главоболки и болки во стомакот), обично пред некои активности
- Промена во комуникацијата со семејството и пријателите (повлекување и незаинтересираност за интеракција)



Кога треба да се загрижите?

- Константно ќе забележувате промени кај своите деца. Сепак, ако симптомите почнат значајно да влијаат во рутината на секојдневието, време е да побарате стручна помош. Дали се работи за стрес или за друг скриен проблем, помошта од педијатарот може да биде добар чекор кој многу ќе ви помогне, изјави д-р Кадие.

Бидете пример

Докторката советува дека родителите треба да бидат добар пример од кој децата ќе учат како да напредуваат со стресот. Што значи тоа?



- Придржувајте се до рутините – оброците и спиењето треба да се во исто време, како и некоја физичка активност.
- Хранете се здраво
- Пред стресни ситуации испланирајте како ќе го олеснете стресот пред децата
- Намалете го користењето на технологијата во домот – имајте одредено време за технологија, а особено повеќе време за дружење со семејството.
- Поставите специфички и конзистентни правила со цел децата да разберат што се очекува од нив. Охрабрувајте ги и пофалувајте ги за нивните успеси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби