Неверојатна трансформација на една брачна двојка

Улогата на „среќен дебел човек“ повеќе не му се допаѓала на Американецот, Роберт Фостер, па затоа решил нешто да промени во животот.

Во моментот кога бил најдебел Роберт имал 150 килограми и носел маица со натпис „Јас ја победив анорексијата“. Луѓето го сметал за човек на кој не му пречи неговата тежина, но всушност вистината била сосема спротивна.



Тој себе си потајно си замерувал за дебелина и затоа што немал сила своите четири ќерки да ги прошета во паркот, како и за фактот што се заморува и од мала физичка работа.

Неговата сопруга Џесика исто така имала проблем со дебелината. Таа го достигнала максимумот со тежина од 130 килограми и признава дека во тој период чувствувала како луѓето ја игнорираат поради нејзината дебелина.

Во март 2012 година оваа брачна двојка имала емотивен разговор во време кога се приближувал 30-от роденден на Џесика и тогаш тие решиле дека повеќе не сакаат да имаат толкава телесна тежина. Тие и претходно разговарале за тоа дека мора да ослабат, но сепак тој ден нешто „пукнало“ во нив.

- Ги обожувам своите деца и сопругот, но во тој момент се мразев себеси. Не им се посветив целосно затоа што се гадев од себе, раскажува Џесика и објаснува дека тоа било пресуден момент за да почне со диета.

Џесика почнала да посетува часови по зумба и за неколку недели изубила 10 килограми и добила голем мотив да продолжи да слабее. Роберт потешко се навикнал на промената, но веднаш почнал да игра тенис и да скока на јаже. Двајцата почнале заедно да пливаат, планинарат и да трчаат.

Трудот се исплател. Сега двајцата имаат по 75 килограми. Целосно го промениле начинот на исхрана, ја избегнуваат брзата храна и јадат многу овошје, зеленчук и риба. Сега се чувствуваат здрави и среќни.

- Се сакам себеси и го сакам тоа што го гледам во огледалото. Знам дека треба уште да работам на себе, но сега сум друга личност, вели Џесика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби