10 чекори да бидете посреќни во животот

Секој од нас сака да биде среќен, но проблемот е што среќата си ја бараме на погрешно место. Благодарение на тим од шест британски експерти од разни области, почнувајќи од психологија, преку психотерапија, сè до економија, кој направиле необичен социјален експеримент, вечната потрагата по среќата стана теоретски олеснета.



Ова се нивните откритија:

1. Насадете некое растение и грижете се за него. Ако го наводнувате и храните растението, тоа ќе расте. Па така, ако ги надовнувате и храните семињата на вашите интереси, и тие ќе растат.

2. На крајот од секој ден застанете за момент и размислете за тоа колку сте среќни. Набројте си пет работи во животот за кои сте постојано благодарни.

3. Одвојте време за да разговарате со вашиот партнер и со луѓето кои ги сакате. Правете го тоа колку што можете почесто. Барем еден час неделно, во кој ќе заборавите на телевизорот и нема да одговарате на повиците и пораките. Еден прекрасен час за разговор посветен само на вашиот сакан или сакана.

4. Направете ги тие повици кои постојано ги ветувате. Престанете да одложувате и кренете ја слушалката уште во овој момент. Јавете му се на пријателот со кој се немате слушнато веќе подолго време.

5. Размазувајте се. Наградувајте се секој ден и одвојте време навистина да уживате во тоа. Бидете добри со самите себе. Оваа едноставна навика ќе ви ја зголеми самодовербата и позитивната енергија и ќе ве направи да се чувствувате посреќни.



6. Барем еднаш во денот добро изнасмејте се. Смеењето го подобрува целокупното здравје. Истражувањата покажуваат дека смеата е особено корисна за оние кои имаат преживеано срцев удар бидејќи ја намалува веројатноста за појава на втор, ја намалува потребата за лекови и го намалува крвниот притисок.

7. Вежбајте! Направете напор да пешачите, трчате, пливате и слично, барем по половина час, три пати во текот на неделата. Тоа е загарантиран начин да го намалите стресот и да се чувствувате подобро.

8. Секој ден насмевнете се или поздравете сосема непознат човек. Насмевнувањето не само што ќе го подобри неговиот ден, ќе ве направи и вие да се чувствувате одлично.

9. Колку време поминувате гледајќи телевизија? Истражувањата покажуваат дека гледањето телевизија предизвикува да се чувствувате несреќно.

10. Секој ден правете по некое добро дело за некој друг.
Имплементирајте ги овие совети за среќа во вашиот живот во времетраење од два месеци и забележете ја разликата. Ќе се уверите дека навистина фукнционираат!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби