Враќање во форма по бременоста

Вишокот на килограми кои сте ги стекнале во текот на бременоста се сосема нормална појава. Сепак, не постои жена која не посакува што побрзо да се врати во форма и да ја намали тежината. Холивудските ѕвезди во последните неколку години го наметнуваат трендот на брзо и радикално слабеење кој може да биде мошне опасен особено ако го практикувате на својата рака и без претходна консултација со лекар. Најдобриот и најлесниот начин за слабеење во суштина е комбинација од неколку нешта.

Започнете со пешачење

Многу од вас воопшто нема да помислат на вежбање во првите неколку месеци по породувањето. Освен тоа и не е препорачливо да се изложувате на тешки вежби бидејќи можете да го намалите производството на млеко. Она што можете да го направите, а ќе делува добро за вашето тело, е што повеќе да се движите. Пешачете од 20 до 30 минути од 3 до 5 пати во неделата, а потоа полека започнете да внесувате и кардио вежби во својот режим.


Разликата меѓу диета и правилна исхрана

Спроведувањето на радикални диети не е воопшто здрава опција бидејќи со тоа дополнително ќе го истоштите организмот, а можете да го добиете и сосема спротивниот ефект. Постои сериозна разлика помеѓу спроведувањето диета и правилниот начин на исхрана. Изгладнувањето на телото значи помала продукција на млеко што значи дека и бебето ќе биде на диета со вас. Доколку започнете брзо да слабеете во телото се ослободуваат токсини кои може да завршат и во вашето млеко. Освен тоа може да му создадете конфузија на телото дека сте во режим на изгладнување, па наместо да согорува калории, да го забави метаболизмот и со тоа уште повеќе да ви го забави слабеењето.

Затоа треба да се обидете со здрав пристап кон храната. Наместо да јадете за да го заситите моменталниот глад, обидете се да консумирате храна која има богата нутритивна вредност и која е корисна за вашето тело. Јадете доволно овошје и зеленчук, но не ги заборавајте и протеините.

Наместо во теретана вежбајте дома

Откако ќе поминат неколку месеци можете да започнете со интензивни вежби. Кревањето тегови мошне брзо ќе го забрза вашиот метаболизам, но наместо да плаќате скапи тренинзи во теретана, подобро да си купите мали тегови кои ќе ги вметнете во вашата рутина на вежбање.

Добар сон

Истражувањата покажуваат дека мајките кои спијат 5 или помалку часови во текот на ноќта потешко ја намалуваат тежината, од оние кои спијат повеќе. Затоа обидете се да се наспиете кога бебето спие или пак менувајте се со партнерот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби