Навики на фитнес тренерите кои треба да ги присвоите

За да забележите значајни резултати на вашето тело, не е клучно само напорно да вежбате и да давате сè од себе. Доколку не сте добро информирани што и како треба да правите, трудот кој го вложувате може да биде залуден.

Во продолжение ви претставуваме неколку навики на професионалците од оваа област кои треба да ги присвои секој кој се занимава со физичка активност.



Не го прекршувајте правилото „2 дена“

Не дозволувајте да поминат повеќе од два дена без физичка активност, дури и тоа да значи да трчате по скалите на зградата во која работите или да го оставите автомобилот дома и да се упатите до посакуваната дестинација пешки.

Пијте многу вода



Секое утро, пред да изедат или да се напијат било што, фитнес тренерите најчесто пијат по 2 чаши вода на собна температура со исцеден половина лимон во неа. Водата со лимон му носи на телото бројни бенефиции, меѓу кои исфрлање на токсините, стимулирање на природните ензими во дрниот дроб и јакнење на имунитетот.

Имајте подготвено јадење за цел ден



Не дозволувајте заради пренатрупаниот распоред и недостатокто на време, на вашето мени да се најде нездрава и брза храна. Доколку знаете дека ви претстои зафатен ден, од вечерта подгответе ја храната. Сварете јајца, подгответе пилешко месо за да го ставите во салатата, измијте и подгответе голема количина на зеленчук и овошје и ставете ги во фрижидер.

Вежбајте паметно, а не подолго



Не мора да вежбате со часови во текот на денот за да ги постигнете посакуваните резултати. Обидете се со интензивните интервални тренинзи, кои се неверојатно ефикасни и со кои ќе заштедите време. Клучот лежи во максималниот напор кој ќе го вложите во одредени моменти, меѓу кои ќе имате и кратки интервали за одмор и опоравување. На овој начин најефикасно се трошат калориите и се согоруваат масните наслаги, ги зголемува издржливоста и капацитетот и го подобрува кардиоваскуларниот фитнес.

Исфрлете го поимот за баланс во животот



Заборавете на потрагата по совршенство, во било кој аспект од вашиот живот, бидејќи тоа единствено води кон стрес и фрустрации. Гледајте на животот како убавина надвор од совршениот баланс, која ги рефлектира вашите најголеми вредности. Правете активности кои ве полнат со позитивна енергија и ги поддржуваат тие вредности, наместо да ви претставуваат товар. Погрижете се да отспиете 7-8 часа преку ноќта. Спиењето, заедно со исхраната и вежбањето, се трите најважни столбови на доброто здравје. Без доволен сон, било каков напор за губење на тежината ќе ви биде однапред изгубена битка.

Бројте нутритивни вредности, а не калории



Заборавете на строгите диети и опседнатоста со калориите. Наполнете го фрижидерот со зеленчук, овошје и риба и уживајте во вкусната и здрава храна. Не заборавајте дека на вашето тело потребни му се и здрави масти, кои ги има во јатките, маслиновото масло и авокадото. Правете избори кои ќе му помогнат на вашиот дигестивен систем да работи ефикасно, ќе го нахранат вашето тело со потребните нутритивни вредности и ќе ви обезбедат доволно енергија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби