Смртоносни опасности кои се кријат во вашиот двор

За време на летните денови сите сакаме да поминуваме колку што можеме повеќе време на отворено. Но, свесни ли сте какви опасности владеат во вашиот двор? Ви ги откриваме шесте најчести:



Пестициди

Хемикалиите од пестицидите, кои се наоѓаат на тревата, без проблем можат да преминат на децата и домашните миленици, додека си играат. Исто така, пестицидите од загадените потоци или езера лесно можат да ја контаминираат питката вода. Изложеноста на пестициди се поврзува со зголемен ризик од појава на рак и пореметување на хормоните кои би можеле да предизвикаат проблеми со штитната жлезда или неплодност.

Кучешки измет

Колку и да мислите дека тоа е добро природно ѓубриво за вашите растенија, експертите велат дека тоа не точно. Тие предупредуваат дека во изметот на вашето домашно милениче постојат бројни опасни бактерии бидејќи тоа може да има вирус или паразити, а вие да не знаете за тоа. Кога тие ќе дојдат во контакт со вашата кожа, многу лесно се пренесуваат и влегуваат во организмот. Затоа, редовно чистете после вашето куче и избегнувајте да одите боси.



Крлежи

Крлежите се многу опасни бидејќи доколку ви се закачат, може да ви пренесат лајмска болест. Исто така, ако не побарате на време лекарска помош, може да предизвикаат артритис, менингитис и проблеми со срцето. За да го избегнете тоа, редовно и темелно прегледувајте го вашето тело после поминато време во природа.

Пчели

Доколку сте алергични на пчели, треба да бидете особено внимателни. За да успеете делумно да ги избегнете, избегнувајте облека во јаки бои и прескокнете го ставањето парфем. Обидете се да не јадете или пиете ништо слатко бидејќи и тоа ги привлекува пчелите.



Палење на искосена трева или измет

Покрај опасноста од предизвикување на пожар, кој лесно може да излезе од контрола, палењето на отпадот може да испушти хемикалии и да предизвика сериозни здравствени нуспојави, вклучувајќи астма, потешкотии во развојот, како и застој на работата на бубрезите и на црниот дроб.

Сончање

За бројните штетни последици на прекумерното изложување на сончевите зраци, кое може да предизвика дури и рак на кожата, не треба да ви повторуваме. Задолжително заштитете се со чадор и крема со заштитен фактор и не претерувајте со сончањето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби