Најздравата и најдостапната билка на светот

Магдоносот се става речиси во сите домашни јадења, но знаете ли зошто точку често се употребува и зошто важи за најздравата билка на светот? Ова се неговите главни влијанија врз нашето здравје:



Антиканцерогени својства

Студиите покажуваат дека миристицинот, состојка во етеричното масло на магдоносот, го инхибира создавањето на туморот (особено во белите дробови) и го активира ензимот кој помага молекулите на глутатионот да се борат против оксидираните молекули. Мистицинот може да ги неутрализира и канцерогените материи, како што е бензопиренот, кој го има во чадот од цигари. Магдоносот е добар и во превенција на рак на дебелото црево и простата.

Антиоксиданси

Магдоносот е богат со антиоксиданси, меѓу кои е и лутеолинот, флавоноид кој ги уништува слободните радикали кои создаваат оскидативен стрес во клетките. Лутеолинот исто така делува и како противвоспалително средство. Покрај сето ова, треба да знаете дека само две лажици магдонос содржат 16 проценти од дневната доза на витамин Ц и повеќе од 12 проценти од потребната дневна доза на витамин А, кои всушност претставуваат два силни антиоксиданси.

Противвоспалително дејство

Покрај лутеолинот, и витаминот Ц од магдоносот служи како силно противвоспалително средство. Доколку го консумирате редовно, тој се бори против разни воспаленија како што се остеоартритис (дегенерација на ’рскавицата на зглобовите и коските кои се спојуваат со нив), како и ревматоиден артритис (болест која предизвикува воспаление на зглобовите).



Здрав имунолошки систем

Витамините Ц и А кои ги содржи магдоносот го зајакнуваат имунитетот на разни начини. Витаминот Ц е потребен за создавање на колаген, структурен протеин од сврзното ткиво. Овие важни витамини го забрзуваат заздравувањето на раните и го подобруваат здравјето на коските и забите. Од друга страна, од витаминот А зависат и лимфоцитите, односно белите крвни зрнца, кои се борат против инфекции.

Здраво срце и крвоток

Витаминот Б9, кој го има во магдоносот, ги претвора опасните хомоцистеини од крвта во молекули кои не му штетат на крвотокот. Затоа со редовно додавање на магдонос во оброците, ќе придонесете за превенција на циркулациски болести, како срцев удар, мозочен удар и артеросклероза.

Силни коски

Две лажици магдонос содржат дури 153 проценти од дневната доза на витамин К, кој е нужен за синтеза на остеокалцинот, протеин кој ги зајакнува коските. Исто така, витаминот К го спречува насобирањето на калциум во ткивото кое може да доведе до артеросклероза, како и други циркулациски заболувања.

Силни нерви

Витаминот К од магдоносот е нужен за синтеза на сфинголипиди, масти кои му се потребни на организмот за одржување на миелинската обвивка околу нервите, што значи дека магдоносот е корисен за целокупниот нервен систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби