Совети за поздрава вагина

Можеби мислите дека знаете сè за хигиената на интимната зона, но во нешто веројатно грешите. Еве на што треба да обрнете внимание за да го подобрите здравјето на вашата вагина.



Користете презерватив

Веќе знаете дека презервативот штити од половопреносливи болести и несакана бременост, но една студија покажала дека употребата на презервативи помага за одржување на нормално ниво на pH вредноста на вагината.

Засакајте го јогуртот

Покрај тоа што е здрав, јогуртот ќе ве штити и од вагинални и габични инфекции.

Кегелови вежби

Кегеловите вежби се од клучна важност за зајакнување на вагиналните мускули, а доколку редовно ги изведувате полесно ќе достигнувате оргазам.



Редовно посетувајте го гинекологот

Посетата на гинеколог се препорачува да се прави најмалку еднаш годишно. Покрај рутинскиот преглед, искористете ја приликата да поразговарате со гинекологот за вашето здравје – за контрацепција, планирање на бременост, плодност или било какви други прашања кои ве засегнуваат.

Внимателно со користењето на сапун

Сапунот и гелот за туширање можеби мирисаат неодоливо, но тие не се наменети за хигиена на гениталиите. За тоа е препорачлива само топла вода.

Користете памучна долна облека

Кога бирате долна облека, имајте на ум дека на вашата вагина најмногу и’ одговараат памучни гаќички. Со оглед на тоа што ја впива влагата и и’ овозможува на кожата да дише, памукот е идеален материјал за вашите интимни делови на телото.



Не претерувајте со хигиената

Доколку милите дека на вашата вагина и’ е потребно дополнително чистење, грешите. Користењето на дополнителни средства за внатрешно плакнење може само да го зглеми ризикот од инфекции, воспаленија и полово преносливи болести.

Возење на велосипед

Можеби овој факт ќе ве изненади, но можете да го нарушите здравјето на вагината со возење на велосипед. Доколку често ја практикувате оваа активност, која се однесува и на статичкиот велосипед, може да предизвикате трнење, пецкање и болка на гениталиите. Доколку возите, погрижете се седиштето да ви биде помеко.

Секс

Никогаш немојте да практикувате прво анален па потоа вагинален секс без употреба на нов презерватив. Веројатноста дека ќе си пренесете инфекција е голема.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби