9 факти за магичниот напиток кефир

Кефирот е култивизиран млечен производ кој по вкусот многу наликува на јогуртот, но сепак овие два напитоци се разликуваат меѓу себе. Кефирот потекнува од Кафказ, а се верува дека името го добил по турскиот збор „кеиф“, кој ни е познат и нам, а подразбира добро чувство.

Во продолжение дознајте какви сè предности за здравјето ни носи овој драгоцен напиток.



Калциум

175 мл кефир содржи околу 20% од препорачаната дневна доза на калциум, минерал кој е многу важен за здравјето на забите и коските.

Пробиотици

Јогуртот е извор на пробиотици, живи организми, вклучуваајќи и здрави бактерии, кои природно се наоѓаат во нашиот дигестивен тракт. Овие организми помагаат во оневозможување на растот на штетни бактерии и во зајакнување на имунитетот.

Но, сепак кефирот е три пати подобар извор на пробиотици од јогуртот. Тоа е заради фактот што кефирот се добива со ферментирање на млеко со 10-20 различни видови бактерии и квацес, додека јогуртот ферментира само со неколку вида. Тоа доведува до поголема застапеност на пробиотици во финалниот производ.

Триптофан

Познато ви е она поспано и опуштено чувство кое ви се јавува после јадење? За истото можеме да и’ се заблагодариме на амино-киселината позната под името триптофан. Триптофанот се наоѓа и во составот на кефирот, што значи дека и тој има опуштачки ефект.

Дигестија

Истражувањата покажуваат дека кефирот го подобрува варењето на лактозата, со намалени или никакви симптоми на нетолеранција. Исто така, истражувањата покажуваат дека тој е делотворен и во спречување и лечење на други потешкотии во системот за дигестија.



Протеини

Кефирот е одличен начин да вклучите повеќе протеини во исхраната, без дополнителни калории. Една порција чист, немасен кефир содржи помалку од 100 калории, но истовремено обезбедува и 10,5 грама протеини, кои можат да ви помогнат да се чувствувате сити без притоа да внесувате и масти. Обрнете внимание да не купувате кефир со дополнителни шеќери, бидејќи таквите варијанти имаат дополнителни калории.

Витамин Б

Кефирот е извор на неколку витамини од групата Б, кои се од голема важност за општото здравје и правилното функционирање на организмот. Тој содржи витамин Б12, кој е важен за крвта и за нервниот систем, како и витамин Б1 (познат како тиамин), кој е неопходен за успешно справување со стресот. Покрај тоа, кефирот содржи и биотин, Б витамин кој му помага на телото да ги апсорбира другите витамини од групата Б.

Кефиран

Кефиранот е полисахарид кој се наоѓа во кефирот, а истражувањата го поврзуваат со намален холестерол и крвен притисок.

Шеќер

На пазарот може да се пронајдат повеќе видови на кефир кои содржат разни ароми, како овошни или арома на ванила. Но, нивниот недостаток е тоа што тие содржат голема количина на шеќери. Затоа, помудро е да набавите страндарден кефир и самите да го ароматизирате доколку имате потреба. Збогатете го со било кое овошје и ќе добие одличен вкус.

Фосфор

Фосфорот е вториот најзастапен минерал во нашиот организам, а токму кефирот го содржи во значајни колчини. Ова е добра вест, бидејќи фосфорот е потребен за нашето тело да може да ги користи јаглените хидрати и протеините за раст на клетките и како извор на енергија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби