Здравје од морската вода

Уште од најстари времиња, луѓето знаеле дека морето позитивно влијае на здравјето. Хипокрaт, чија заклетва докторите до ден денес ја полагаат, многу од своите пациенти ги лечел со вода богата со минерали. Модерната наука ги потврди неговите сознанија, а ние ви претставуваме четири здравствени причини зошто веднаш да заминете на море и да пливате во солената вода.



Го зајакнува имунолошкиот систем

Морската вода е полна со витамини, сол, аминокиселини и микроорганизми кои делуваат како природни антибиотици при што му помагаат на телото во борба против штетните бактерии. Вдишувањето на морскиот воздух во вашето тело ќе ги внесе негативните наелектризирани јони, кои исто така се важни за одбрана на организмот. Исто така, пливањето ќе ги отвори порите на кожата, со што се забрзува отстранувањето на токсините.

Ја зголемува циркулацијата

Пливањето на големо допринесува за квалитетот на работата на циркулацијата, а потоплата морска вода може да ги надомести минералите изгубени поради стрес, лоша исхрана и надворешното загадување.



Го балансира организмот

Додека пливате во море, вашиот организам почнува сам да се лекува, намалувајќи ги симптомите на болести како што се астмата, бронхитисот и воспаленијата. Водата богата со магнезиум ги опушта мускулите и делува позитивно на сонот, што допринесува на менталната стабилност и позитивното расположение.

Лек за кожата

Веќе споменатиот магнезиум во морската вода помага во хидратација и надворешниот изглед на вашата кожа. Исто така влијае врз црвенилото и сувата кожа, па оние кои патат од дерматолошки проблеми се советуваат подолго време да поминуваат во море.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби