УБАВИНА И ЗДРАВ ЖИВОТ

Подарете им насмевка на другите

Секој ден и на секое место (на улица, во продавница, на работа) забележувате дека има жени кои зрачат. Чекорот им е сигурен, очите сјајни, полни се со енергија. Дури и рано наутро, па и кога врне. Меѓутоа, ги има и оние кои што не поседуваат таква снага. Наутро тешко стануваат од кревет, со мака ги исполнуваат дневните обврски, одвај чекаат да се стемни. Може ли и на овие вториве, односно и на вас ако спаѓате во таквите, да им биде исто како на оние првите? Секако дека може, но само ако навистина сакате да промените нешто во својот живот. И тоа за секогаш. Обидете се, ќе видите дека и не е толку тешко.



Д У Ш А

1. Што ви пречи?

Нема да ви помогне никаква програма за закрепнување ако сте несреќни. Токму затоа оваа програма ќе ја почнете со парче хартија и молив во раката. Седнете и запишете убаво што во вашиот живот не ви се допаѓа (на пример, „лош шеф'“, „досаден партнер“, „не сум задоволна од својот изглед'“...). Добро чувајте го ова ливче, затоа што е почеток на вашиот нов живот.

2. Автосугестија - пет минути дневно

Во втората етапа треба да влијаете врз својата психичка состојба. Одвојте за тоа само пет минути дневно и тоа наутро, веднаш по будењето. Смислете една изјава, на пример: „Денеска нема де се нервирам што и да ми се случи, било кој и да ми се испречи на патот“ и замислувајте ја отчукана на машина за пишување, запишана во вид на ѕидна плаката, како наслов во весниците... Стручњаците тоа го нарекуваат автосугестија. Со текот на времето, таа реченица ќе ја усвоите и таа во суштина ќе се вгнезди во оние делови на вашиот мозок на кои нема да можете со разум да влијаете. А, токму тие делови се одговорни за тоа какви сте вие, како реагирате, како се однесувате. Тогаш ќе престане да важи и онаа реченица „Па, таква сум!'“, и малку по малку ќе станувате онакви какви што во суштина од секогаш сте сакале да бидете.

3. Поглед во внатрешниот часовник



Секој човек има сопствен биоритам и не вреди да се мачите да направите нешто во време кога телото е во минус, односно на најниската точка од кривата на својот дневен ритам. Наспроти тоа, два до три пати во текот на денот сте подготвени за најголеми напори и достигања. Затоа, потсетете се на претходниот ден: кога сте биле исклучително уморни, кога сè ви одело од рака? Тоа веќе се мошне добри појдовни точки. Подемите и паѓањата во секојдневниот ритам, сепак, најдобро ќе ги определите во текот на годишниот одмор, кога вашите активности не се строго сврзани за определени периоди од денот. Сè што физички или психички ве оптоварува (донесувањето важни одлуки, домашните обврски, вежбањето), обидете се да ги извршите кога сте во позитивните фази, а она што ви е полесно извршувајте го кога сте во минусните фази.

4. Подарете им насмевка на другите



Оваа точка од програмата потекнува од мајсторот на стратегијата како да се досегне среќата, американскиот писател Дејл Карнеџ. Тој говореше дека секој ден треба да се усреќи барем еден човек, макар тоа било и со насмевка, наведувајќи го примерот на намуртениот поштенски службеник на кого, пред да му ја предаде пратката, му рекол дека има убава коса. Во истиот момент, лицето на човекот огреало и тој сосема поинаку се однесувал кон странките. Значи, секој ден израдувајте некого со комплимент или со насмевка, и тоа ќе ви се врати повеќекратно.

5. Зајакнете го имунитетот

Со едно истражување на Универзитетот во Хамбург е утврдено дека на вештачки предизвиканата кијавица помалку се отпорни луѓето кои се преоптоварени на работа, кои недоволно спијат, кои патат од депресија, осаменост, разделби, недостаток на нежност или се во стресна врска. Значи, очигледно е дека постои непосредна врска меѓу психичката состојба и телесните (соматските) болести. Според тоа, вашата отпорност ќе биде задоволителна ако немате посебни проблеми. Неопходно е, пред сè, сето она што психички ве измачува и оптоварува, што побрзо да го разрешите. На пример, ако сте осамени, мора да се потрудите што повеќе да се дружите со луѓето, зашто на тој начин многу ќе направите и за својот имунитет. Ослабениот имунитет, пак, е одговорен за состојбата на кожата, за појавата на брчки, за протокот на лимфните течности, за крвотокот. Еден од начините за растоварување од психичките проблеми е да ги вклучите во својата утринска програма на автосугестија.

6. Посветете повеќе време себеси



Ќе се чувствувате добро и убаво ќе изгледате само доколку себеси си посветите повеќе време. Би било идеално барем еден час дневно, најдобро е предвечер, да одвоите за себе, а тоа значи дека за тоа време нема телефонирања, нема посети. Пригушете го светлото, тивко пуштете музика, но немојте да гледате телевизија. Раскомотете се, соблечете го сето она што ве стега. Тој час можете да го поминете во бањата (капење, маникирање на ноктите), но најдобро би било ништо да не работите, туку навистина да се опуштите, размислувајќи само за убавите работи.

7. Проверка на личната урамнотеженост

Одговорете спонтано на прашањава и за само три минути ќе добиете приближен одговор на тоа дали поседувате внатрешен мир:

1. Дали понекогаш жестоко се нервирате поради глупостите или неспособностите на други луѓе ?

• Доста често - 10
• Не многу често, зашто се трудам да бидам толерантна - 5
• Речиси, никогаш  - 0

2. Дали ноќе се будите со биење на срцето?

• Не, никогаш - 0
• Да, кога имам проблеми - 5
• Многу често, и воопшто послабо спијам одошто порано - 7

3. Дали умеете гласно да ги застапувате своите ставови ?

• Да, иако ретко го правам тоа - 5
• Не, затоа што тешко ми паѓа тоа - 8
• Нормално, затоа што се празнам на тој начин - 0

4. Дали сте задоволни од својот изглед ?

• Не, порано повеќе самата на себе си се допаѓав - 5
• Сè на сè, да, со исклучок на некои ситници - 2
• Да, не би менувала ништо - 0

5. Доколку би сте ја раскинале сегашната врска, дали би сте имале поголем избор на мажи ? (Ако моментално сте сами, дали можноста за избор би ве поттикнала кон нова врска ?)

• Не, би морала добро да размислам - 5
• Има кандидати, но таквите не ги сакам - 3
• Изборот е огромен - 0

6. Дали често лошо сонувате ?

• Речиси, никогаш - 0
• Понекогаш - 5
• Барем еднаш месечно - 10

6. Дали имате доверливи пријателки ?

• Да, без нив не можам - 0
• Помалку или повеќе, добри се пријателки - 3
• Не, главно сум упатена на самата себе - 5

ОДГОВОРИ:

0 - 17 бодови: Совршено сте врамнотежени и имате внатрешна хармонија што многумина ја посакуваат. Сепак, продолжете да ја читате оваа програма за такви и да останете.

18 - 35 бодови: Нешто ве оптоварува, но сепак успевате да ја одржите психичката рамнотежа. Сепак, би требало да ги отстраните причините за својата вознемиреност, зашто само така повторно ќе ја воспоставите внатрешната хармонија.

36 - 50 бодови: Вие сте вистински вулкан од кој само што не почнало да се исфрла лава. Токму за вас оваа програма е мошне значајна. Премногу се нервирате, а тоа не му годи ниту на психичкото, ниту на физичкото здравје, остава траги дури и на вашето лице. Проучете го сето она што овде го пишува, и почнете веднаш да ја спроведувате програмата во практика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби