Зошто имате непријатна миризба во интимиот дел?

Повеќето жени не се самоуверени кога станува збор за нивната вагинална миризба, а уште пострашно е доколку таа миризба се промени, па тие остануваат потполно збунети и не знаат што се случува.

За жал, не постојат бројни истражувања за вагиналните миризби, кои би можеле да ги информираат жените за тоа што е „нормално“, а што не е, вели гинекологот од Њу Орлеанс, д-р Рахив Гала. Но, доколку забележите исклучително силна миризба, голема е веројатноста причина за тоа да биде инфекција.



Габичната инфекција, која претставува најзастапено воспаление кај жените, најчесто нема никаква миризба, но останатите видови на инфекции имаат.

Бактериската вагиноза, што е име за претерано размножување на бактерии во вагината, предизвикува појава на исцедок кој има силна и непријатна миризба, како на риба. Трихомонијаза или трихомонаден колпитис претставува инфекција на вагината предизвикана од паразитот трихомонас вагиналис, а исцедокот и во овој случај може да има миризба на риба.

Но, третина од жените кои чувствуваат миризба од вагината, имаат потполно поинаква причина за тоа.

- Причини за појава на непријатна миризба, покрај бактериските инфекции, можат да бидат и други, како што се прекумерното потење, хроничен затвор, испуштање урина и лоша хигиена, напоменува д-р Гала.

На пример, носењето тесна облека може да предизвика појава на поинтензивен вагинален мирис бидејќи потта и бактериите остануваат „затворени“ на кожата. Исто така, причинител може да биде и прекумерната тежина, бидејќи вишокот кожа може да впие пот во наборите, што неизбежно резултира во непријатна миризба.

Миризбата на вагината исто така може да се менува за време на менструалниот циклус, а доколку жената започне да се грижи, треба да се обрати кај својот гинеколог. Доколку станува збор за инфекција, за истата ќе мора да започне да зема терапија што побрзо.

Иако многу жени се обидуваат да го решат овој проблем со користење на парфемизирани сапуни за интимна нега и лосиони, д-р Гала истакнува дека тоа не е препорачливо бидејќи таквите производи само ја маскираат миризбата не претставуваат долготрајно решение, а што е уште полошо – се испоставило дека на овој начин се зголемува ризикот од развој на бактериска вагиноза, габична инфекција и други воспаленија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби