Научете како да му се спротивставите на стареењето

Дали знаете дека кога ќе ја поминете 40-та година, без разлика дали сте маж или жена, вашето тело почнува многу побрзо да старее отколку нормално?

Истражувањата покажуваат дека без соодветна исхрана и вежби, вашето тело ќе старее за 6 месеци повеќе како што поминува секоја година. Ако сте 40 години, тоа значи дека за една година вашето тело ќе изгледа како да е 44 години, а вие ќе се чувствувате како да имате 46 години. И кога ќе наполните 60 години, ќе изгледате и ќе се чувствувате како 70 години!

Сепак, ви претставуваме неколку трикови, преку кои можете да го забавите процесот на стареење.

Заборавете на ниско-калоричната исхрана



Ниско-калоричната исхрана е мошне застапена во денешно време и многумина ја практикуваат. Но, што му прави оваа диета на телото? Од една страна го ослабнува, а од друга го изнемоштува и го прави зависно од шеќери. Најстрашното е што ја пренесуваме оваа навика и на нашите деца.

Не треба да се плашиме од мастите. Тие не не прават дебели, туку му помагаат на нашето тело да ги регенерира хормоните. Тестостеронот, хормонот на силата, е директен резултат на холестеролот и хранливите масти. На телото му се потребни масти и холестерол со цел да продуцира хормони!

Луѓето кои се на диети изгледаат бледо и слабо, често се разболуваат и не уживаат во храната. Секој оброк мора да го бројат до последна калорија. Навистина мислите дека на овој начин ќе останете млади? Се разбира дека не! Уживајте во храната и внесувајте повеќе хранливи состојки!

Престанете да трчате во круг



Часовите поминати во фитнес центрите може да ви се забавни ако сакате да седете на едно место измачувајќи се. Но, забележувате ли колку малку им се менуваат телата на повозрасните луѓе кои ги посетуваат овие центри? Добри се кардио вежбите, но оваа состојба може да се постигне и со многу помалку напор.

Механичкиот тренинг или трчањето можат многу малку да му помогнат на телото, а особено кога е во процес на стареење. Практикувајте различни вежби на отворено. Вежбајте јога за повозрасни, запишете се на аеробик за возрасни ако можете да го издржете тој тренинг (во зависност од вашата здравствена состојба) или едноставно излезете на тревникот и вежбајте.

Престанете да се опседнувате со вашите години



Мислите имаат огромно влијание врз нас самите. Ако се уверите дека изгледате 10 години постаро, верувајте дека така ќе се гледате. Затоа, престанете да бидете опседнати со вашата бројка, бидејќи телото нема часовник.

Сигурно и вие самите сте помислиле за некои личности колку изгледаат помладо отколку што се. Истото го можете и вие. Опкружете се со луѓе кои се позитивни и заедно уживајте во вашите години.

Избегнувајте хронична дехидратација



Водата не е само „добра“ – таа ги топи мастите, го потиснува гладот и ја обновува кожата. Ако пиете по 2 литри вода секој ден за неколку недели ќе имате многу помладолик изглед, ќе имате повеќе енергија, а бубрезите и црниот дроб ќе ви бидат во совршено здрава состојба за работа.

Кога бубрезите работат со многу малку вода, набрзо црниот дроб може да ви откаже, што е всушност број еден орган кој ги согорува мастите! Затоа посегнувајте по водата и ќе ја забележите разликата!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби