Утрински „будилници“ поефикасни од кафето

Иако ретко кој може да го започне денот без кафе, постојат и други будилници кои ќе ве разбудат инстантно и ќе ви подарат енергија за да го започнете денот и обврските кои ве чекаат.



Џвакање на храната за појадок

Најважниот оброк во денот ќе го снабди вашето тело со важни хранливи состојки, ќе го активира метаболизмот и ќе ви подари енергија за започнување на работниот ден.

Она што ќе ве разбуди е едноставниот процес на џвакање на храната, па затоа во појадокот вклучете крцкави намирници како што се житарките.

Врело какао



Наместо кафе, во вашата шолја ставете какао. Неодамнешните студии покажуваат дека флавинoидите во какаото влијаат на подобрување на расположението и расонување на личноста која го консумира. Исто така, консумацијата на какаото се има покажано и како одлична алатка за решавање на комплицирани математички проблеми, заради што се наметнува како идеална намирница за започнување на денот.

Свеж воздух

Отворете го прозорот, излезете на балконот или седнете во дворот, на само 5 минутки. Правилното вдишување и издишување ќе ве обезбеди со потребната количина на кислород, ќе ве расони и ќе ве подготви за претстојниот ден. Тука се и смирувачките звуци на природата, кои дополнително ќе ве расположат.

Вежби од било кој вид



Вежбањето е ефикасен природен начин да го разбудите вашето тело. Дури и наједноставното растегнување при станување од креветот ќе ја зголеми циркулацијата, ќе ја забрза работата на срцето и ќе го избрише сонот од вашите очи. Поголеми резултати ќе постигнете со поинтензивни утрински вежби, како што е џогирањето. А што велите, пак, за страстен секс како почеток на еден убав и успешен ден?

Мирис на мента

Набавете свежа билка мента, нејзино етерично масло или пак шолја чај, па утрото започнете го со „инхалација“. Некои студии покажуваат дека мирисот на ментол го разбудува мозокот и го смирува организмот кој е под стрес. За да постигнете максимален ефект, после здравиот појадок и шолја чај од мента, земете гума за џвакање од пеперминт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби