Што учи бебето додека е во вашиот стомак?

Доколку мислите дека животот ни започнува со раѓањето, се лажете. Експертите велат дека читањето приказни, слушањето музика или самото зборување, може да го поттикне учењето додека бебето е во матката, а психолозите обрнуваат големо внимание на пренаталната психологија.



Околу десетата недела бебето во матката почнува да се протегнува и да го помрднува неговото мало тело. Кога ќе наполни 23 недели, бебето почнува да слуша и да одговара на вашиот глас и на другите звуци. Исто така, може да развие вкус за храната која ја јадете. Низ сите овие искуства, вашето бебе се подготвува за животот по раѓањето.

Што учи бебето во матката?

Експертите истакнуваат дека бебето прима одредена количина на сензорни информации додека е во матката, на кои одговара и ги помни. Пред крајот на второто тримесечје, бебето почнува да слуша.

Иако во главно ги слуша отчукувањата на срцето на мајката, нејзиното дишење, глас, пумпање на крв и работата на дигестивниот систем, тоа може да слушне и надворешни звуци. Можеби ќе забележите дека музиката која сте ја слушале додека сте биле бремени, делува смирувачки на бебето по раѓањето.

Но, помнењето и учењето на бебето не се однесува само на звуците, туку и на вкусовите. Она што го јадете може да го одреди вкусот на детето подоцна во животот. Вашата исхрана ја збогатува аминомската течност. Подоцна, за време на доењето, бебињата ќе ги чувствуваат истите вкусови за време на доењето бидејќи вашата исхрана го збогатува и вкусот на вашето млеко. За бебињата тоа се познати вкусови кои подоцна ќе ги засакаат.



Токму заради ова треба да бидете мудри при изборот на храна која ќе ја консумирате за време на бременоста. Истата може да ја одреди исхраната на вашето дете за целиот живот.

Како бебето учи во матката?

Постојат три основни начини на кои бебето учи додека се наоѓа во стомакот на мајката.

- Учење по пат на изложеност на искуство

Бебето ги препознава гласовите на членовите на семејството и музиката која ја слушало додека било во матката. Исто така, на овој начин препознава и одредени активности, како возење во автомобил.

- Учење преку навикнување на искуствата

Ако на пример, постојано го поставувате алармот да ве буди за време на бременоста, немојте да се изненадите доколку и вашето бебе се буди и активира од него после раѓањето.

- Учење преку поврзување на искуствата

Доколку за време на бременоста сте слушале одредена музика додека сте се опуштале, истата таа музика многу веројатно ќе го  опушта вашето дете после неговото раѓање.



Што можете да направите?

Постојат докази кои упатуваат на тоа дека можете да го зголемите нивото на интелигенцијата со слушање класична музика и читање на книги за време на бременоста. Сето ова ќе ви помогне да се поврзете со бебето после породувањето.

Немојте да се грижите доколку не се чувствувате пријатно разговарајќи со вашиот стомак. Бебето од ден на ден сè повеќе несвесно го стимулирате, помагајќи му да се привикне на надворешниот свет со кој ќе биде окружено откога ќе се роди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби