Работи кои влијаат на менструалниот циклус

Постојат многу повеќе фактори кои влијаат врз менструалниот циклус отколку што мислите. На пример, вежбањето е здраво, но сè додека не го нарушува функционирањето на телото. Пречестиот интензивен тренинг не влијае добро на вашето тело, туку му создава дополнителен стрес.



Тој стрес му говори на мозокот да престане да произведува репродуктивни хормони. Имено, едно истражување покажало дека дури 50% од жените кои секојдневно вежбаат интензивно, имаат проблеми со менструалниот циклус. Но, не мора веднаш да се грижите, освен ако не сте добиле менструација веќе три месеци, а не се сомневате на бременост.

Еве кои се фактори влијаат на менструалниот циклус:

Прекумерна тежина

Вишокот килограми на телото може да направат поголема штета отколку што мислите. Вишокот масно ткиво придонесува за зголемување на нивото на хормонот естроген, што може да го отежне ослободувањето на јајце клетки од јајниците. Дебелите жени често имаат нередовни, тешки и обилни менструации. Превисокото ниво на естроген може да го зголеми ризикот од појава на рак на грлото на матката. Доколку имате потешкотии со симнување на вишокот килограми, посоветувајте се со лекар и гинеколог.

Неухранетост

Во случај кога не внесувате храна колку што му е потребно на вашето тело, истото не произведува доволна количина на естроген. Но, доколку вашата тежина отсекогаш била малку под идеалната, тоа не мора нужно да претставува причинител на проблеми со менструалниот циклус. Истите почесто се јавуваат кај жените кои нагло изгубиле голем број на килограми и кои патат од прехранбени пореметувања, како што се булимијата и анорексијата.



Одредени лекови

Секој лек кој вклучува хормони или, пак, антипсихотици, може да влијае на менструалниот циклус. Треба да знаете дека ниту еден хормон не работи самостојно, туку сите делуваат синхронизирано и патуваат низ крвотокот. Сите се меѓусебно поврзани, без оглед на тоа што се произведуваат од различни жлезди.

Ракување со пестициди

Пестицидите ги емитираат хормоните, се натпреваруваат со нив и ги блокираат во телото. Вашиот ендокрин систем тогаш не може да функционира нормално. Едно истражување покажало дека жените кои ракуваат со пестициди, почесто имаат проблеми со менструалниот циклус, за разлика од оние кои немаат никаков допир со пестициди. Последиците може да бидат исклучително долг циклус, нередовна менструација и крвавење помеѓу две менструации.

Стрес

Голем број на истражувања имаат потврдено дека хроничниот стрес ја нарушува рамнотежата на менструалниот циклус.

Возраста

Иако очекувате дека менструацијата ќе стане поретка појава штом влезете во менопауза, подгответе се и за обратното сценарио. Заради наглите промени во нивото на хормоните, пред да престанете да добивате менструација, подгответе се на тоа дека може да добиете и неколку пати во текот на еден вообичаен циклус.



Недостаток на сон

Оние кои работат во различни смени имаат поголем ризик од појава на нагли промени во менструалниот циклус. Нарушувањето на рамнотежата на биолошкиот часовник може да ја наруши и хормоналната рамнотежа. Сето тоа влијае на овулацијата и на менструацијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби