Природни намирници против болка од вашата кујна

Кога чувствувате болка во одреден дел од телото, немојте веднаш да посегнувате кон аналгинот или сличните таблети. Дознајте кои намирници од вашата кујна ќе ја завршат истата работа, а при тоа се сосема природни и хранливи.

Куркума



Куркумата помага во борбата против разните видови воспаленија, хронична болка, болки во грбот и мускулите, забоболка и артритис. Исто така, овој зачин помага за успешно обновување на ткивата и е одличен за детоксикација, како и за подобрување на генералната здравствена состојба. Можете да го додадете во разни јадења, како и во чајот и соковите. Најдобро е куркумата да ја комбинирате со црн бибер бидејќи на тој начин е најефикасна.

Ѓумбир



Овој исклучително лековит корен ќе ви помогне да ја ублажите хроничната болка во зглобовите и артритисот. Ѓумбирот можете да го додадете во чај, во разните јадења, чорби, сокови и десерти. Некои луѓе се многу чувствителни на неговиот вкус, па затоа воведувајте го постепено во исхраната.

Лути пиперчиња



За благотворното дејство на чили пиперчињата е заслужна нивната главна состојка капсаицин, која го ослабува сигналот со информација дека нешто ве боли, кој телото го испраќа до мозокот. Успешно ја лечи болката во зглобовите, фибромијалгијата, кожните осипи и мигрената.

Лук



Забоболка, инфекциите на ушите и болката предизвикана од артритис може успешно да ги излечите со лук. Направете домашно масло од лук, на следниот начин: во половина шолја маслиново масло додадете три чешниња лук исечкани на ситни парченца и оставете да вријат на тивок оган две минути. Процедете го и оставете го да отстои во фрижидер до две седмици.

Така подготвеното масло загрејте го и нежно тријте го на болните зглобови или мускули. Доколку имате воспаление на ушите, капнете две капки од топлото масло. Во случај, пак, да ве боли заб, направете смеса од издробен лук и сол колку што ќе фатите со врвот на прстите и нанесете го тоа на болниот заб.

Каранфилче



Забоболката, како и болката во непцата, веднаш ќе ја совладате со каранфилче. Најдобро е да го џвакате бидејќи на тој начин се испушта моќна состојка со аналгетско дејство, наречена еугенол. Доколку не можете да го поднесете силниот и специфичниот вкус на каранфилчето, од него направете силен чај.

Цреши



Ова е можеби највкусниот аналгетик на листата, кој помага кај артритис, болки во коските и хронична главоболка. За противвоспалителното и аналгетското дејство на црешите заслушен е антиоксидансот антоцијанин, со кој изобилува ова сочно овошје. Антоцијанинот ги елиминира ензимите кои предизвикуваат воспаление на ткивата и болка.

Јаболков оцет



Доколку патите од желудочни киселини, помешајте една лажичка јаболков оцет во чаша вода и испијте ја пред јадење, или пак постепено пијте ја после оброкот, за да го избегнете зодавањето на киселини во желудникот. Јаболковиот оцет помага за подобро согорување на мастите и белковините, кои всушност го предизвикуваат непријатното чувство на жарење во пределот на стомакот.

Боровинки



Боровинките се најдобриот природен лек за третирање и превенција на инфекциите на мочните патишта. Изобилуваат со танин, природно органско соединение кое ефикасно ги убива бактериите кои предизвикуваат воспаление на мочните канали.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби