Овие диети можат да ве убијат!

Во желбата брзо да изгубиме некој килограм, склони сме да ги испробаме диетите кои ни се нудат секојдневно без притоа да го послушаме здравиот разум кој ни говори дека тоа не е паметно. Токму затоа, ви ја претставуваме листата на најопасни диети.

Во морето на различни диети, од кои многу се покажале неверојатно штетни и опасни по нашето здравје, нутриоционистите и лекарите ја составија оваа листа за оние кои не би требале да ги испробуваме, бидејќи ем што не се добри за организмот, туку и не ви носат траен успех во борбата за витката линија.

Сирова храна

Иако нутрионистите се сложија со мислењето дека нам сировото овошје и зеленчук ни даваат многу витамини и потребни хранливи состојки, постојат опасности дека некои видови се подобри кога термички ќе се обработат, а да не ги споменуваме опасностите од бактерии и нечистотија. Директорот на истражувачкиот центар „Mount Sinai Adolescent Health Center“, Кристофер Очнер, нагласува дека ова воопшто не е едноставна диета бидејќи бара часови за подготовка, сецкање, дехидрација или чистење.

Алкална диета



Оваа диета бара исфрлување на месото, млечните производи, слатките, кофеинот, алкохолот, вештачките намирници и преработената храна. Иако има позитивни насоки бидејќи вклучува многу свежо овошје, зеленчук, јаткасти производи, но сепак за тие не е докажано дека ќе ослабете бидејќи и тие намирници се калорични. На кратко, диетата е многу стриктна и исфрлени се многу важни намирници кои се важни за урамнотежена исхрана.

Диета според крвната група



Авторот на диетата Питер ДиАдамо тврди дека е базирана на тоа какви хемиски реакции предизвикува храната која ќе ја изедеме. Така за оние со крвна група 0 се препорачува да јадат не многу масно месо, овошје и зеленчук, а да избегнуваат млечни производи. Но до сега немало никакви научни докази дека ќе ослабете на тој начин и оваа диета може да биде многу еднолична поради ограничените намирници.

Месечева диета



Доколку ја следите Месечианта и сте на Месечева диета, тоа значи дека кога таа е полна вие 24 часа постите. Иако се чини дека сте ослабеле, што не е чудно бидејќи не сте јаделе цел ден, лекарите предупредуваат дека тоа е многу нездраво, а изгубените килограми веднаш ќе се вратат.

Диета со кекси



Ја осмислил докторот Сигал и била голем хит во Холивуд, но далеку од она што сите веднаш би помислиле – кекси може да јадете колку ќе посакате. Наместо тоа, во организмот е дозволено да внесете 500 до 600 калории во вид на квалитетни кекси со влакна. Тие се комбинираат со други диетални оброци, а не смее да се пречекорат 1.200-те калории дневно. Бидејќи тоа е рекукциона диета, ниту еден лекар не би се сложил со неа.

Диета пет залчиња



Ова е уште една редукциона диета бидејќи денот не смеете да го поминете со внесени повеќе од 1.000 калории. Ја создал лекарот за дебелина Алуин Левис, а според неговиот предлог, појадокот се прескокнува, а за ручек и вечера можете да изедете по пет залчиња храна по избор. Сепак, тоа е далеку од идејата да јадете разноврсно и помалку, бидејќи пет залаци едноставно не се доволни за телото да може да ги направи сите важни функции.

Магична диета со зелка



Веќе со години оваа диета е една од најпопуларните диети во светот, но најголем проблем на овој начин на исхрана е тоа што во сите три оброци јадете исти намирници и тоа со денови. Диетата е успешна бидејќи храната се базира на нискокалорични намирници преполни со влакна и вода. Сепак, на крајот можете да почувствувате подуеност, а може и да имате проблеми со гасови. Исто така недостасуваат и други состојки како протеини и здрави масти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби