Кој пие најмногу кафе?

Кафето е ароматичен напиток кој поголемиот број од нас го пијат наутро. Но, некои професии го сакаат кафето повеќе од другите. Новинарите, учителите, полицајците, водоинсталатерите и трговците пијат најмногу кафе дневно, покажа новото истражување.



Истражувачите открија дека припадниците на горенаведените професии пијат четири до пет филџани кафе на ден. Листата на занимања кои најмногу користат кафе продолжува со медицинските сестри, медицинскиот персонал и раководителите на компании, кои во просек дневно пијат три до четири филџани кафе.

На листата се најдоа и компјутерски инженери и возачи. Експертите се поделени околу тоа дали кафето е добро или лошо за здравјето. Pressat, компанијата која го спроведе ова истражување, испитала околу десет илјади професионалци и дојде до заклучок дека 85 отсто од испитаниците пијат најмалку три филџани кафе на ден, јави „Дејли Мејл“.

Речиси 70 отсто признале дека нивната работна способност е намалена без дневниот внес на кафе. Според HS Choices, внесувањето на повеќе од четири филџани кафе на ден може да го зголеми крвниот притисок и да доведе до дехидрација доколку кафето е единствен извор на течност. Претходните студии исто така го поврзаа зголеменото внесување кофеин со дијабетесот, срцевите болести и мозочниот удар.



Но, други истражувања покажаа дека умереното консумирање кафе (ококлу четири филџани дневно) го намалува ризикот од затајување на срцето, најверојатно поради антиоксидансот кој го содржи. Се сугерира дека кофеинот го намалува заморот и главоболката. Експертите сугерираат дека ритуалот на пиење кафе е всушност знак за масовна зависност од дрога.

- Луѓето кои редовно консумираат кофеин ќе станат зависни од него. Ако им го земете кофеинот, тие ќе функционираат многу под своите вредности, вели Петер Роџерс, професор по биолошка психологија на Универзитетот во Бристол и експерт за кофеин.

- Тие едноставно не функционираат нормално без кофеин. Ако се работи за првото дневно кафе или чај, тоа ве враќа во нормала.

Роџерс го проучува кафето и неговото влијание повеќе од 20 години, а како резултат на тоа, и тој и членовите на неговиот тим престанаа да консумираат кафе и кофеин.

- Кофеинот не е особено корисен за рамнотежата. Предизвикува чувство на повлекување и го зголемува крвниот притисок што и не е добра работа, рече Роџерс.

Истражувањето покажа дека во просек мажите пијат повеќе кафе од жените. Во периодот од 1 јули до 17 август истражувањето е спроведено меѓу вработените лица, претприемачи и самовработените.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби