Знаци дека треба да си го зајакнете имунитетот

Во овој период од годината повеќето од нас постојано се настинати, имаат проблеми со дишните патишта, висока телесна температура и кашлица. Но, за разлика од нив, некои луѓе никогаш не се разболуваат? Која е разликата помеѓу нив?

Истражувањата покажуваат дека чувствителноста на грип и настинки може да биде зголемена заради некои навики кои ги имаме, како што е на пример количината на шеќер која ја внесуваме. Ви претставуваме неколку ризик фактори кои можат да го ослабат вашиот имунитет.



Постојано уживате во слатките

Прекумерното уживање во слатките нема да и наштети само на вашата фигура, туку и на имунолошкиот систем кој нема да може соодветно да ве заштити од бактерии и вируси.

Едно истражување покажало дека 100 грама шеќер значајно ја намалуваат способноста на белите крвни зрнца во следните 5 часа да се борат со бактериите и вирусите.

Не пиете доволно вода

Постои причина заради која се препорачува зголемен внес на течности кога сте болни. На вашето тело потребни му се многу течности за да ги „исплакне“ токсините.

Препорачаната дневна доза на вода зависи од вашата тежина и начин на исхрана, но доколку вашата урина е речиси без боја и миризба, тоа е знак дека внесувате доволно течности.

Се борите со вишокот на килограми

Сите знаеме дека прекумерната тежина им штети на срцето, мозокот и останатите телесни органи. Но, треба да бидете свесни дека вишокот килограми значајно го ослабнува имунолошкиот систем.

Оние кои се борат со тешки облици на грип или настинки, често имаат индекс на телеснат маса над 40, што според сите критериуми означува прекумерна тежина. Истата предизвикува хормонален дисбаланс и воспаленија кои ја намалуваат способноста на имунитетот да се брани од инфекции.

Внатрешноста на носот ви е сува

Течењето на носот е одбранбен механизам на телото со кој се победува грипот и настинката. Слузот во носот ги спречува бактериите вирусите да навлезат во телото, па затоа доколку носните канали постојано ви се суви, треба да се поконсултирате со лекар за да ја откриете причината. Како моментално решение би можеле да ги искористите капките за нос со морска вода, кои ќе ги најдете во аптеките.

Под хроничен стрес сте

Хроничниот стрес е еден од најголемите непријатели на имунолошкиот систем. Превисокото ниво на стрес во телото нема само да го зголеми ризикот да се разболете, туку и ќе ви ги влоши симптомите.

Лицата кои се под хроничен стрес, често чувствуваат најтешки симптоми и потребно им е дури двојно подолго време за да се опорават.

Секогаш сте настинати



Ова е јасен знак дека имунитетот не ви функционира како што треба и дека немате развиено никаков отпор. Спијте повеќе, вежбајте редовно и исхранувајте се здраво, со намирници кои го зајакнуваат имунитетот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби