Стапчињата со памук се одлично помагало во секојдневниот живот.
Со нив можеме да ги исчистиме тешко достапните места во домот, да нанесеме шминка на лицето, да си ги исчистиме ушите, па дури и да го поправиме заглавениот патент на јакната. Но кога ги користиме за чистење на ушите, има повеќе мислења за добрите и лошите страни.
Треба ли воопшто да ги чистиме ушите?
Експертите тврдат дека восокот во ушите е еволуциски начин за прилагодување и заштита на ушниот канал. Тој го штити тапанчето од продор на нечистотија, бактерии и евентуални оштетувања. Покрај тоа, восокот е своевиден лубрикант кој ја олеснува работата на тапанчињата. Експертите сметаат дека токму поради тоа не е потребно негово отстранување со помош на вештачки помагала.
Ушите се чистат самите
Џвакањето, зборувањето и другите активности кои вклучуваат мрдање на устата помагаат во природниот процес на извлекувањето на восокот од внатрешноста на површината на увото.
Кога се обидуваме да го чистиме увото со стапчиња ние допираме до восокот во внатрешноста на увото, всушност ние го питиснуваме восокот во длабочината на увото, од кое телото не може самостојно да го извлече. Со стапчето извлекуваме само мал дел од восокот.
Суви уши
Невнимателното буткање на стапчиња во ушите можат да доведат до оштетување на овој орган и необјаснива болка, а претераното користење доведува до проблем наречен „суви уши“ кој е поткрепен со често чешање и иритација на нежната кожа.
Наводнување
Наместо чепкање, оториноларинголозите препорачуваат „наводнување“ на ушите. Перете го ушниот канал со раствор од топла вода и оцет, и капнете во увото само 2-3 капки. Со ова вие го осигурувате нивното здравје.