Непожелна храна за сезоната на грипот

Есента штотуку настапи и официјално, што значи дека студеното време ни тропа на вратата, а со него ја носи и сезоната на грипот и настинките. За да ги избегнете досадната кашлица, течење на носот, висока температура и малаксаност, време е да го зајакнете имунитетот. За знаците кои укажуваат дека имате нарушен имунитет веќе зборувавме, а сега да се осврнеме како да го зајакнеме. 

Покрај редовниот сон и доволната физичка активност, имунитетот најефикасно ќе го подобрите со правилен избор на храна и отфрлање на намирниците кои го носат телото во дисбаланс.

Еве кои намирници го нарушуваат имунитетот:

Шеќер



Шеќерот се наоѓа на оваа листа заради повеќе причини: не содржи хранливи материи, а покрај тоа го поврзуваат со нагризување на забите и со негативно влијание врз мозокот.

Високото ниво на шеќер во крвта значајно ја намалува способноста на белите крвни зрнца да се борат против вирусите и бактериите. Затоа, особено во оваа сезона треба да ги избегнувате намирниците богати со шеќер, како што се бонбоните, бисквитите, газираните сокови и останатите преработени намирници и да консумирате храна богата со растителни влакна, како што се интегралниот ориз и леќата, кои го стабилизираат нивото на шеќер во телото и го држат имунолошкиот систем под контрола.

Бел леб

Едноставните јаглехидрати силно придонесуваат за зголемен внес на шеќери во организмот. За време на варењето, рафинираните житарки и леб многу брзо се претвораат во глукоза.

Масна храна



Постојат бројни причини за отстранување на пржената храна од вашата трпеза, а еве уште една – исхраната богата со масти може да го наруши одговорот на телото на инфекциите. Исто така, експертите напоменуваат дека масната храна ја попречува борбата на организмот против заразните болести и го зголемува ризикот од заболување на одредени облици на карцином.

Алкохол

Не мора во потполност да се одрекувате од чашата вино која ја сакате, но во сезоната на грипот намалете ја количината на алкохол која ја внесувате. Алкохолот го оштетува имунолошкиот систем и ја нарушува способноста на телото да се брани од инфекции. Експертите велат дека едната чаша алкохол нема да го промени имунолошкиот систем, но три или повеќе сигурно ќе имаат негативно влијание.

Млечни производи



Бројните млечни производи, како разните купечки јогурти, содржат висока количина на шеќери. Исто така, постои директна врска помеѓу млечните производи и здравјето на дишните патишта. Сирењето, млекото, сладоледот и останатите млечни производи може да го влошат запушувањето на белите дробови бидејќи со нивната консумација, во телото се лачи повеќе слуз, што придонесува за влошување на симптомите на настинката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби