Секојдневно го уништуваме телото без да забележиме

Секој од нас во текот на денот прави одреден работи кои се штетни за телото, а со тоа и го загрозуваат целокупното здравје.

Се туширате секој ден? Сакате да јадете пуканки? Редовно џогирате? Иако на прв поглед никогаш не би ни помислиле дека некои од овие работи се штетни, еве ги причините поради кои треба добро да размислите пред да ги направите следниот пат.



Користење на компјутер

Ова може да биде особено штетно за вашето здравје. Премногу светлиот екран може негатинвно да влијае на вашиот вид и да предизвика главоболка заради напрегнувањето на очите. Исто така, телото пати од лошото држење кога работиме на компјутерот, а заради недоволната хигинена на тастатурата и маусот, пак, внесуваме и многу бактерии и вируси.

Сушење на косата со фен

Високата топлина ги нарушува хидрогенските врски во косата, со што таа станува поподложна на оштетувања и на опаѓање.

Грицкање на пенкалото

Оваа глупава навика може сериозно да ги оштети вашите заби, како и долгорочно да го промени нивниот облик и положба, доколку станува збор за постојана навика.

Не нанесувате крема за сончање кога излегувате од дома



Кремата за сончање не е резервирана исклучиво за на плажа. Таа треба да ве штити и за време на обичната прошетка низ градот од штетните UV зраци, кои предизвикуваат оштетување на кожата и го зголемуваат ризикот за појава на рак.

Се туширате секој ден

Не го прескокнувајте овој совет, бидејќи не велиме дека не треба да се туширате редовно, туку сакаме да истакнеме дека туширањето со врела вода, претераното користење гелови и купки и агресивни сунѓери, придонесуваат за отстранување на липидите од вашата кожа, кои ја одржуваат нејзината влажност и виталност.

Џогирање

Оваа активност несомнено има свои предоности, но истовремено го зголемува ризикот од артритис, особено кога во прашање се вашите колена, кои први ги чувствуваат ваквите промени.

Јадете лимони?



Киселината која се наоѓа во лимонот може да ја оштети забната глеѓ, која е клучна за здравјето на забите и на устата.

Обожувате пуканки

Нема ништо лошо во тоа да уживате во пуканките секој пат кога гледате филм, но потоа потребно е темелно да ги исчистите забите со конец. Пуканките се заглавуваат во просторот помеѓу забите и предизвикуваат инфекции, а тврдиот дел кој случајно го загризувате, може сериозно да ја оштети круната на забот.

Седење во канцеларија

Доколку вашето работно место наложува седење повеќе од шест часа дневно, ризикот за појава на срцеви заболувања ви е зголемен за дури 64 проценти.

Спиете со чорапи

Носењето на чорапи во креветот може да биде исклучително штетно, со оглед на тоа што ја спречува размената на гасови во клетките, што може не само да ја оштети вашата кожа, туку и мозочните клети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби