Не се плаши од интимата: Бев сексуален зависник и морав да се лечам

Гејл Портер (43) никогаш не се воздржувала да ги подели деталите од својот приватен живот со медиумите. Сега оваа телевизиска водителка од Шкотска откри дека морала да се обрати за помош кај експертите со цел да се избори од зависноста од секс.

Претходно таа зборувала за својата алопеција и биполарното пореметување, а сега откри дека верува дека нејзината сексуална зависност е симптом на нејзината депресија.

Поради тоа таа одлучила да се придружи на групата за самопомош, но сфатила дека неа мажите од таа група и го одвлекуваат вниманието и морала да се премести во група во која има само жени.

- Бев во група за сексуални зависници. А кога состанокот ќе завршеше, наместо да се разотидеме, често во парови одевме во нечија куќа. Поради тоа морав да се префрлам исклучиво во женска група, вели таа.

Гејл, која има една ќерка, алопецијата ја добила во 2005-та поради преголем стрес. Таа се развела од таткото на нејзината ќерка, Ден Хипгреј и во моментов е во потрага по дечко. Сепак, признава дека се плаши дека нејзината ќелавост ќе ги избрка мажите.

- Неодамна гледав емисија на телевизија во која момче на прашање од што најмногу се плаши на првиот состанок одговори дека најголем страв му е да не го спојат со жена која нема коса. Најлошата работа која ќелавоста ја носи е осаменоста. Се прашувам дали бев толку лоша личност во минатиот живот да го заслужам ова. Пријателите вам ви велат дека тоа не е важно, но навистина е ограничувачки, вели таа.

Гејл во моментов ја пишува својата автобиографија и следниот месец ќе се појави во комедијата „ Whingeing Women “ во Кралскиот театар во Глазгов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби