5 начини да ја победите настинката без лекови

Наглите температурни промени на кои сме изложени во последниов период кај многумина предизвикаа борба со настинките. Иритациите на носот и грлото, како и непријатната главоболка, нè тераат да посегнеме по решенијата кои се наоѓаат во аптеките, додека не мал број на оболени се одлучуваат за брзо опоравување со антибиотици.

Но, таквиот начин на лекување предизвикува потполна нерамнотежа во телото бидејќи настинката е предизвикана од вирус, а не од бактерии, заради што на патот до оздравување треба да ги елиминирате лековите и да му овозможите на телото лечење по природен пат.



Изобилство од овошје и зеленчук

Вирусите се најчестите предизвикувачи на настинките, но обидот да се лечат со антибиотици е сосема погрешен бидјеќи овој лек не делува на нив. Најдобар начин да се изборите со настинката е да ја спречите заразата, а тоа ќе го постигнете со зајакнување на имунолошкиот систем и тоа со помош на изобилство на овошје, зеленчук и зачини кои во себе содржат природни облици на минерали, витамини и антиоксиданси.

Големата количина на витамин Ц е неопходна во периодот кога вирусите се разуздуваат, а можеме да го пронајдеме речиси во сите видови на овошје и зеленчук. Важно е од исхраната целосно да ја исфрлите масната храна и да консумирате само оброци кои се имаат подготвено со минимална термичка обработка.

Одмор

Одморот во периодот на настинките е неопходен. Доколку имате силна кашлица и не се одмарате доволно, симптомите може да ви се зголемат во наредните денови и да предизвикаат да не можете да станете од кревет. Затоа, одложете ги сите обврски и дозволете си два дена целосен одмор.



Двојно зголемен внес на течности

Внесот на течности, чаеви и вода, во периодот на настинките и вирусите мора да биде двојно зголемен отколку вообичаено. Имено, водата го брани телото од вируси со тоа што ги одржува клетките чисти и ги оптимизира сите нивни функции.

Под зголемен внес на течности, не се мисли само на обичната вода, туку и на чаеви, како и на пилешката супа со аминокиселината цистеин која ја содржи - познатиот спасител во ситуации кога телото попушта пред вирусот. За уште подобар ефект, во пилешката супа додадете свеж лук и малку ѓумбир.

Правилно дување на носот

Исфрлање на насобраната слуз од носот е неопходна во лечењето на настинката, но истото не смее да биде агресивно. Имено, при силно издувување на слузот, можно е дел од од него да отиде го ушните канали и да предизвика запаление на ушите.



Природен елиминатиор на вирусите од дишните патишта

Солената вода помага при отстранување на вирусите од носот, а можете да ај подготвите сами на следниот начин: сварете 2 дл вода и оставете ја да се олади, па додадете 1.4 мала лажичка морска сол и еднаква количина на сода бикарбона.

Сето тоа добро измешајте го и со капалка во секоја ноздра поединечно ставете ја мешавината и оставете ја да истече. Повторете го истото најмалку три пати на ден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби