Препознајте дали имате недостаток на протеини

Во последните години пирамидата на здрава исхрана почна да се менува. Експертите предупредуваат дека внесуваме премногу јаглехидрати и едноставни шеќери, заради што се дебелееме, а сè повеќе се согледува важноста на доволниот внес на белковини во секојдневната исхрана.



Имено, белковините или протеините се многу важни за нашиот организам. Тие претставуваат главен „градежен материјал“ на нашиот организам, а вклучени се и речиси во сите биохемиски процеси кои се одвиваат во клетките. На пример, тие учествуваат во создавањето на хемоглобинот, кој го пренесува кислородот во телото, потоа во изградба и обнова на мускулните ткива, растот на косата, ноктите и кожата, како и во преносот на хранливи материи.

Што мора да знаете за протеините?

Протеините се изградени од различни комбинации на вкупно 20 аминокиселини, од кои 8 се есенцијални, што значи дека нашиот организам не може да ги произведе, туку мора да ги внесеме преку исхраната.

Протеините се наоѓаат речиси во секоја храна, освен во рафинираните шеќери и мастите. Храната од животинско потекло, како месото, рибата, јајцата, млекото, јогуртот и сирењето, е најдобар извор на протеини. Билните протеини, пак, се наоѓаат во мешунките (грав, грашок, леќа, леблебија), житарките, зелениот листест зеленчук и леќата.

На просечниот човек потребни му се 1-1,5 грама протеини на еден килограм телесна маса на ден. Но, доколку се прашувате дали внесувате доволно протеини, обрнете внимание на следните знаци, кои укажуваат на нивен недостаток во организмот.

Имате потреба за благо

Еден од првите знаци на недоволен внес на протеините е дека постојано имате потреба за нешто благо и никогаш не сте сити. Се прашувате зошто тогаш немате потреба за месо и јајца?

Причината лежи во тоа што една од главните функции на протеините е одржување на нивото на глукоза во крвта, па при недостаток на протеини се случува и нагол пад на глукозата, кој резултира со желба за намирници кои брзо даваат енергија, како што се слатките.

Ова веројатно го објаснува фактот зошто многу вегетаријанци, доколку не внимаваат на доволен внес на протеините од неживотниско потекло, постојано патат за чоколадо. На пример, доколку за појадок изедете само житарки со млеко, инстантно ќе добиете енергија, но набрзо и ќе огладнете.

Се чувствувате уморно

Рамнотежата на шеќер во крвта е важна за концентрацијата, па при недостаток на протеини ќе имате чувство дека не можете да функционирате нормално. Секако, на вашиот мозок потребни му се протеини за да се чувствувате добро. Доколку постојано барате решение во јаглехидратите, како што се печивата и кексите, ќе добиете инстантна енергија, а потоа нејзин повторен пад со недостаток на концентрација.

Ви опаѓа косата



Протеините ги изградуваат сите клетки во телото, вклучувајќи ги и фоликулите на косата. Силните фоликули ја држат косата на вашата глава, без оглед на можните затегнувања со стегачите за коса, чешлање и слично. Но, доколку имате хроничен недостаток на протеини, би можеле да забележите дека косата повеќе ви опаѓа и дека влакната ви станале потенки.

Се чувствувате слабо

Протеините се клучни за израдба на мускулното ткиво, па при нередовен внес на протеини, мускулите со време ослабуваат.

Често се разболувате

Без доволно протеини нема да имате ни добар имунитет. Затоа, доколку забележите дека почесто фаќате настинки и вируси за разлика од другите, а инаку генерално имате добро здравје, можеби виновник за тоа е недостатокот на протеини во вашето тело.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби