Не секогаш се чувствуваме свежи и наспани наутро кога ни ѕвони алармот, па поретко или почесто, на сите ни се случува да го одложиме. Луѓето се уверени дека тие 5 до 10 минути сон многу им значи, па затоа фамозната опција „snooze“ не останува неупотребена.
Но, всушност оваа навика не е добра за вашиот организам бидејќи оштетувањето кое настанува со одложување на алармот може да ви го уништи целиот ден
- Кога го одложувате алармот, си играте со РЕМ фазата од сонот, која е најважна и е клучна за добриот ментален фокус во текот на денот, вели д-р Мајкл Бриус, специјалист за сонови.
Алармот ве извлекува од РЕМ фазата од сонот, а со одложување на алармот и повторно паѓање во сон, повторно влегувате во таа фаза. Токму заради тоа во текот на целиот ден се чувствувате зашеметено, а вашата продуктивност е слаба.
Затоа, крајно време е да се одвикнете од оваа навика и да си легнувате навечер на време, како би можеле да му пружите на организмот барем 7 часовен сон.