Облеката виновна за болките во грбот

Кога и да почувствувате болка во вратот, грбот или колената – немојте веднаш да го обвините 8-часовното седење на канцелариското столче или пак зумба часовите по танцување. Размислете можеби облеката е виновна за овие болки.

Тесните фармерки или здолништа може да ги оштетат мускулите и зглобовите, колку и високите штикли и тешките чанти.

Тесно здолниште

Проблемот со правото тесно здолниште е во тоа што ви ги стеснува колената и ви го отежнува балансирањето додека чекорите. Дури тешко е и да се наведнете да земете нешто од долната фиока. Најдобро е да ги свиткате колената и така да се наведнете.

- Во тесно здолниште движењето е ограничено. Со тек на време штетата од напорот ќе се натрупа и проблемот со колената ќе исплива на површина, изјави Тим Хатчфул, кој професионално се занимава со педикир.



Тежок ѓердан

Мускулите, жилите и зглобовите на вратот се обидуваат да го издржат товарот од главата, која тежи отприлика колку 5 вреќички шеќер, па додавањето на тежок ѓердан може само да ја разниша рамнотежата.

- Се што го влечи вратот напред или назад од неговата нормална положба е штетно, бидејќи може да предизвика тензија, болка или штета, која подоцна освен на вратот може да резултира и на грбот, изјави Тим.

Мидер

Ако не е многу стегнат, содржи многу ликра и добро ја држи долната облека може да биде од корист затоа што го зголемува крвотокот. Сепак, ако мидерот многу стега, може да бидете во опасност. Не само што ќе ви биде тешко да дишете туку и ќе си го искривите ’рбетниот столб.

Високи штикли

Високите штикли се лоши за вашите стапала и грбот. Тие може да ги ослабат мускулите на листовите, што би предизвикале проблеми со циркулацијата, болки во коленото и грбот.

За да го превенирате ова, заменете ги штиклите со ниски балетанки, кои воопшто нема да ви зафаќаат место во чантата, а на работа можете повторно да ги облечете штиклите.



Врвка на врат

Блузи, кошули или бикини со врвка на вратот може да го повлекуваат вратот нанапред . Со ова ќе се направи тензија на мускулите, која би можела да прерасне во оштетување. Затоа носете ги поретко.

Тесни фармерки

Фармерките кои се тесни околу половината, бутовите и карличната коска може да го отежнуваат нормалното одење. Носењето на каиш може уште повеќе да го влоши проблемот, а исто така и долгото седење. По одреден период ќе се јават болки во нозете и половината.

Тешка и голема чанта

Одамна ја знаеме штетата на носење голема и тешка торба на едно рамо, но изгледа дека не сакаме да ја превенираме. Постојано купуваме големи чанти, носејќи ги на едно рамо. Најдобро е да купете голема чанта со долга рачка, која можете да ја префрлите од едното рамо накосо. На овој начин целата тежина ќе се балансира на телото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби