Најчести грешки кои ги правиме кога сме под стрес

Замислете си го следното сценарио: понеделник е, доаѓате на работа, го отворате сандачето и гледате милион непрочитани пораки, скарани сте со партнерот и штотуку се потурате со кафе на вашата нова кошула. Што ќе направите?



Ќе почнете да вриштите толку силно што ќе ја кренете цела зграда во возхух; ќе почнете да плачете на сред канцеларија или ќе ја напуштите и ќе си одите дома да се затворите во вашите четири ѕида? Точниот одговот е – ниту еден од наведените.

Точно е дека логиката не ни е силна страна кога сме под стрес, па токму тоа нè става во ризик да правиме погрешни чекори. Следниот пат кога ќе се најдете на „работ на нервите“, обрнете внимание на следните 5 видови на однесување и обидете се да ги избегнете.

Се истурате на првиот човек кој ќе се најде до вас

Можеби за миг ќе ви олесни доколку се развикате на првиот човек кој ќе го видите, но потоа ваквата реакција ќе ви создаде само дополнителен стрес.

Никој не е должен да пати заради тоа што сте нервозни, па затоа кога ќе сфатите дека сте избувнале и сте повредиле недолжна личност, ќе ви биде навистина криво.

Затоа, подобро е да побарате пријател од доверба на кој можете да му се отворите, а воедно и да прошетате во природа. Ефектот е навистина оздравувачки.

Носите избрзани одлуки

Никогаш немојте да носите влијателни одлуки кога сте под стрес. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се наоѓаат во стресна состојба потфрлаат во носењето на квалитетни долгорочни одлуки заради нивниот преоптоварен ум. Затоа, подобро почекајте додека не се релаксирате.

Ги отфрлате одговорностите



Секој од нас повремено има моменти кога му е преку глава од сè. Но, наместо да се откажете од задачите кои треба да ги извршите во текот на денот, обидете се да ги поделите задачите на помали делчиња.

Истражувањата откриваат дека најдобро функционираме на 90-минутни интервали. Тоа значи дека треба да се посветите на задачата час и пол, а потоа да си дозволите заслужена пауза.

Претерано анализирате

Факт е дека кога сме нервозни, се задржуваме на секоја ситница која може да не извади од такт, но преголемото анализирање може да биде ужасно за вашето здравје. Луѓето кои се задржуваат на негативните мисли и емоции имаат значајно поголем ризик за појава на депресија и анксиозност. Истражувањата покажуваат дека токму нашиот психолошки одговор на негативните настани има поголемо влијание врз нас отколку самиот настан.

Доколку се фатите како се опседнувате со секој детаљ, обидете се да се сосредоточите со помош на медитација, или едноставно сцконцентрирајте се на длабокото дишење и смирете си го умот, задржувајќи се на сегашниот момент.

Го запоставувате спиењето

Стесот може да го поремети вашиот сон, а најголемата грешка која можете да ја направите е да не превземете ништо околу ова. Изгаснете ги електронските уреди, помирисајте лаванда и направете си топла бања пред да си легнете. Добра ви ноќ!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби