Три најчести грешки кои ги правиме наутро

Утринското мрзоволие и замор знаат да ни се провлечат во текот на целиот ден и да ни останат дневни сопатници, без оглед на добриот и квалитетен сон кој сме го имале за време на ноќта, како и омилената шолја кафе или чај кои би требало да нè расонат.



Причина за оваа состојба секако постои, а се однесува на грешки за кои не сме ни свесни дека ги правиме штом се разбудиме.

Се будите во мрак

Будењето во мрак, брзото одење под туш, па право на работа, без изложување на дневната светлина, несвесно влијае врз расположението на повеќето луѓе. Научниците сметаат дека луѓето кои излегуваат на светлина дури после пладне, имаат недостаток на волја, како и поголем индекс на телесната маса.



Изложувањето на сончевите зраци во претпладневните часови е незаменливо. Само половина час поминат на утринска светлина е доволно за подесување на внатрешниот часовник на организмот и регулирање на нивото на енергија, апетит и работа на метаболизмот.

Затоа, штом ги отворите очите веднаш кренете ги ролетните и дозволете и на светлината да ве расони и наполни со енергија.

Не пиете вода штом станете

Невнесувањето доволна количина на вода веднаш по будењето, исто така доведува до лошо расположение, недостаток на концентрација и чувство на премореност во текот на денот. Од друга страна, доволниот внес на вода создава чувство на среќа, енергичност, брзина и цврстина.

 

Британските истражувачи порачуваат дека за да бидете подготвени за предизвиците кои ви претстојат во текот на денот, во првиот час после будењето треба да испиете три чаши вода.

Го прескокнувате појадокот

Оваа лоша навика може да предизвика подуеност и лошо однесување во текот на целиот ден. Истражувањата покажуваат дека мажите кои појадуваат пред да се упатат кон работното место, потоа се порасположени, поефективни и побзо ги завршуваат дневните обврски.



Здравиот појадок комбиниран од протеини и јаглени хидрати е многу важен за мозокот, кој на овој начин добива доволно енергија за нормално функционирање во текот на денот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби