Чудни методи кои делуваат:

Вежбајте кога сте уморни, пијте вода кога сте подуени

Бројните методи со кои би требало да го подобриме здравјето прилично се едноставни и имаат смисла. Доколку сакате да ослабете – јадете помалку и редовно вежбајте; доколку сакате да имате повеќе енергија – спијте повеќе; за да ја спречите дехидрацијата – пијте вода... Но, постојат и некои методи, кои делуваат навистина контрадикторно, а навистина се делотворни. Во продолжение проверете кои се тие!

За здрави заби, немојте да ги миете веднаш после оброкот



Немојте да ги миете забите непосредно откако ќе изедете или испиете нешто, особено доколку сте консумирале кисели намирници, како што се цитрусното овошје, доматите, напитоците за спортисти или газираните пијалаци. Тие можат да ја омекнат забната глеѓ, па затоа четкањето на забите одложете го за 30 до 60 минути.

Прескокнете ги енергетските напитоци кога сте уморни

Енергетските напитоци содржат до пет пати повеќе кофеин од кафето, но разбудувачкиот ефект кој го носат е проследен со негативни нус појави како нервоза, раздразливост и забрзано чукање на срцето. Покрај тоа, овие пијалаци содржат и голема количина на таурин, стимуланс на средниот нервен систем, како и до 50 грама шеќер (13 мали лажички) по лименка. Тоа значи дека иако во моментот ќе живнете, нивото на енергија многу набрзо ќе ви опадне, па ќе се чувствувате уште поуморно.

Пијте вода кога сте подуени

Кога се чувствувате подуено, ви се чини дека внесувањето на вода може само да ја влоши ситуацијата, но всушност токму тоа може да ви помогне.

Доколку вашата исхрана се состои од намирници со многу растителни влакна, тогаш на вашето тело му треба што повеќе вода за да може да работи поефикасно.

Исто така, водата може да го ублажи чувството на подуеност кое го има предизвикано дехидрацијата, бидејќи во таков случај вашето тело грчевито се држи за онаа мала количина на вода која се наоѓа во организмот, како резултат на што се јавува подуеноста.

Исфрлете ги диеталните газирани напитоци доколку сакате да ослабете

Во оваа ситуација би требало да се држите подалеку од сите газирани пијалаци, меѓу кои и од диеталните. Имено, со едно истражување откриено е дека луѓето со прекумерна тежина кои консумирале диетални напитоци внесувале повеќе калории отколку оние кои пиеле обични газирани пијалаци. Покрај тоа, луѓето кои преферирале диетални напитоци, во текот на 10 години имале 70 проценти поголеми шанси да им се зголеми обемот на половината, за разлика од оние кои не ги консумирале.

Исто така, треба да се нагласи фактот што луѓето често мислат дека натписите „помалку калории и помалку шеќери“ означуваат намирници со помалку калории, но тоа не секогаш е вистина. Обично, кога произведувачите ја намалуваат содржината на одредена состојка во текот на производството, додаваат нешто друго со цел крајниот производ да има убав вкус, а тоа најчесто е некаков вид на шеќер.

Испијте топол напиток за да се разладите

Иако логично е да мислите дека на високите летни температури подобро ќе ве разлади некој леден пијалак, отколку топол, сепак не сте во право.

Имено, неколку нови истражувања го докажале тоа, а во нивен прилог оди и фактот што во земјите во кои владеат високи температури, како што е Индија, традиционално се преферираат топли напитоци, како на пример чајот.

Кога ќе испиете голтка топла течност, вашето тело ја чувствува промената во температурата и се зголемува потењето, кое е терморегулаторен одговор. Како што потта излегува низ вашата кожа, вашето тело природно ќе се разлади.

Вежбајте кога сте уморни

После долгиот и напорен работен ден, вежбањето веројатно е последното нешто што би ви паднало на ум да го направите. Но, факт е дека доколку добро се испотите, ќе имате повеќе енергија. Заморот, во комбинација со променливото расположение и депресијата, ќе исчезнат максимум за половина час после вежбање со умерено темпо. Со секоја активност нашето тело троши кислород, па кога вежбате тоа помага да работите поефикасно и помалку да се заморувате, а и далеку подобро ќе функционирате ментално.

Запишувајте ги забелешките рачно, со цел за да ја подобрите работата на мозокот



Компјутерот можеби ќе ви овозможи да напишете повеќе, но подобро ќе ги запомните работите доколку ги запишете рачно на хартија. Имено, за нешто да научите, тоа ќе треба прво да го обработите. Па така, кога пишувате со рака, вие ги обработувате информациите и учите повеќе, што значи дека процесот на учење започнува додека го слушате самото предавање.

За да ја подобрите врската, поминувајте помалку време заедно

Трчањето од едно случување или состанок на друг, без да имате минутка да земете здив, може да влијае лошо врз квалитетот на вашата врска. Кога поминувате време сами имате поголема можност да ги обработите своите мисли и подобро да се запознаете, отколку само да постапувате импулсивно. Секој треба да поминува квалитетно време со самиот себе, па така ќе можете подобро да давате и примате во односите со другите.

Ова исто така ги намалува стресот и анксиозноста, кои може да бидат погубни за една врска. Затоа, медитирајте, одете на прошетки, седете сами на кафе и читајте или, пак, само средете си го шкафот – што и да ви одговара, само уживајте во вашето сопствено друштво.



За да се разболувате поретко, не користете антибактериски сапун

Доколку редовно посегнувате по антибактериски сапуни, треба да знаете дека тоа не значи дека го намалувате ризикот од разболување или пренесување на заразата на другите. Всушност, не ни постојат докази дека антибактериските сапуни се поефикасни од останатите.

Исто така, долготрајното изложување на некои од состојките во овие производи (на пример триклосанот, кој се уште е предмет на истражување), може да претставува здравствен ризик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби