Расправијата со партнерот крие тајни и последици

Брачните расправии и депресијата можат да влијаат на тоа луѓето да се дебелеат бидејќи тогаш телото потешко ја обработува храната со висок удел на маснотии, покажа најновото истражување...

Научниците дојдоа до сознанија дека мажите и жените кои имаат проблеми со депресијата и кои често се расправаат со брачниот другар, потешко ги согоруваат калориите по оброкот, за разлика од оние парови кои помалку се расправаат меѓу себе.

Отежнатото согорување на калориите може да доведе до тоа да мажите и жените годишно се здебелуваат за околу 5 килограми.

Студијата покажа дека таквите парови имаат поголемо ниво на инсулин, што придонесува до складирање на маснотии и триглицериди во крвта.

Жан Киеколд-Гласер, водителка на истражувањето во Универзитетот Ohio State, истакна дека овие сознанија откриваат колку е важно да се лечат психичките проблеми.

Најновото истражување се поклопува со претходното истражување кое покажа дека жените кои се под стрес се дебелеат бидејќи метаболизмот им се забавува и дневно согоруваат 100 калории помалку.

- Ова откритие не само што покажува дека хроничниот стрес доведува до дебелеење туку укажува и на тоа колку е важно да го лечите пореметувањето на расположението. Лечењето на психичките проблеми очигледно има позитивни последици и на физичкото здравје. Жан Киеколд- Гласер и додава дека паровите не треба да се расправаат, туку да уживаат во љубовта и убавото расположение.

Во истражувањето учествувале 43 пара во доба од 24 до 61 година, кој се во брак најмалку три години.

Друго истражување покажа дека расправиите со партнерот се лоши за срцето. Луѓето кои сметаат дека немаат поддршка од брачниот другар имаат поголема веројатност за развој на болести на срцето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби