Збогум на проблемот со констипација

Најдобар напиток против тврдата столица

Секој од нас барем еднаш во животот доживеал непријатна епизода со дигестијата: затвор, дијареа или подуеност. Од затворот, или стручно кажано констипацијата, патат многу луѓе од кои три четвртини се жени. Но, за овој проблем не се говори често, заради срамот или заради верувањето дека не постои решение.



Затворот се карактеризира со намален број на столици, нивната тврдост, како и отежнатото празнење на цревата. Како причини за тоа најчесто се издвојуваат промените на секојдневните навики (патувања, привремено мирување, преобилно оброци), земање на лекови (на пример одредени седативи или лекови против киселини) или разни болести како дијабетес, тумор, синдром на раздразнети црева, мултиплекс склероза, но честа појава е и за време на бременост.

Затворот не е безопасен!

Затворот може да предизвика други многу непријатни болести како оштетување на слузницата на аналниот канал, чир на ректумот и многу често, хемороиди. Затворот може да се јави само повремено или пак да прерасне во хроничен проблем доколку потрае подолго од шест дена.



Констипацијата често е проследена со замор бидејќи организмот е оневозможен нормално да ги исфрла токсините од цревата. Кога текот на цревната содржина е прекинат или забавен, слузницата на цревата подолго време ја впива водата, заради што столицата станува тврда. Пожелно би било да имате една до две столици на ден, кои се со средна конзистенција, односно да не се ниту премногу тврди, ниту премногу меки. Иако ова е идеалниот случај, денес е речиси невозможно да се одржи.

На сите кои имаат хронични проблеми со варењето и патат од долготраен затвор, им се препорачува да го подготват следниот напиток.

Напиток против затвор

Состојки:

  • Свежи листови од 1 зелка
  • 200-300 мл кисело млеко

Постапка:

Изберете квалитетна, млада и свежа зелка. Одвојте ги листовите и убаво измијте ги, а потоа ставете ги во блендер. Додадете го киселото млеко и добро измиксајте. Наутро и навечер консумирајте по една шолја од напитокот.

Овој рецепт против констипација брзо ќе го поттикне дигестивниот систем на правилно фукнционирање. Пробајте го и вие бидејќи се приготвува лесно и брзо, а ефикасен е и здрав за целиот организам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби