Џигер - вкусен и корисен

Свинскиот, телешкиот, говедскиот како и пилешкиот џигер се дел од многу светски кујни и најразлични рецепти. Може да се консумираат како главно јадење или пак во комбинација со друг тип на месо.

Една од функциите на црниот дроб е да врши неутрализација или елиминација на отровните материи, па токму затоа многумина избегнуваат да јадат џигер мислејќи дека е штетен по нивното здравје. Сепак, она што не го знаат е дека истиот служи како место за депонирање на значајни витамини, протеини и минерали.

Во суштина умереното консумирање на џигер може да биде корисно за организмот. Не се препорачува да го јадете постојано затоа што содржи големи количества на холестерол.

Протеини

Џигерот е одличен извор на протеини, а протеините се мошне значајни за одржување на мускулното ткиво, ноктите и косата. Освен тоа тие се важни и за ензимите и хормоните. Многумина мислат дека џигерот е мошне масен и калоричен, но во суштина не е така. Триесетина грама телешки џигер содржат 49 калории и 2,4 гр маснотии односно 3 отсто од дневните потреби. Од друга страна пилешкиот џигер содржи помалку калории од телешкиот и говедскиот, но затоа пак има и помалку протеини.

Витамини

Во џигерот може да се најдат големи количества од витамините Б 12 и А. Освен тоа тој содржи и рибофлавини и фолна киселина. Витаминот Б 12 е значаен за продукцијата на црвени крвни зрнца како и за правилна работа на нервниот систем. Витаминот А е корисен за очите, косата и здравјето на кожата, додека фолната киселина и рибофлавините играат значајна улога во дигестијата и продукцијата на енергија.

Минерали

Телешкиот џигер е значаен извор на железо. Во 85 грама џигер може да се најдат 11 мг железо, што е 61 процент од дневната доза што треба се внесе во организмот. Освен тоа тој содржи и високи количества на бакар, селен и цинк. Бакарот е важен за правилната функција на црвените крвни зрнца и помага во метаболизмот на железото. Селенот е антиоксиданс кој е дел од многу ензими и е значаен за машката плодност, додека цинкот му е потребен на телото бидејќи помага при зацелувањето на раните и го одржува здрав имунолошкиот систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби