Непријатни проблеми за кои ни е срам да побараме совет

Повеќето непријатни здравствени проблеми, кои не создаваат сериозни проблеми, луѓето одлучуваат да ги задржат за себе. Некои од нив знаат да бидат навистина понижувачки, но експертите објаснуваат дека тие се изненадувачки вообичаени и се случуваат речиси секому.



Испуштање воздух од вагината

Воздухот од вагината е доста понижувачки, но во никој случај не е сериозен и нема непријатна миризба. Оваа експлозија на воздух, доколку воопшто се случи, има тенденција да се случува за време на сексот или, пак, додека вежбате јога. Експертите велат дека станува збор само за навлегување на воздух, што не претставува знак на никаков внатрешен проблем.

Влакна на дојките

Кога ќе се земе во предвид колку жени имаат проблем со појавата на влакна околу брадавиците (5-10 проценти), ќе сфатите дека станува збор за прилично вообичаен феномен. Утешителен факт е тоа што влакната на дојките се сосема безопасни. Експертите советуваат влакната на дојките да не се отстрануваат додека доите, за да се спречи појавата на инфекции.

Вагинален исцедок

Повеќето вагинални течности се сосема нормални – лачиме слуз во средината на циклусот за да им го олесниме патот на сперматозоидите, а оние лепливите се излачуваат во втората половина од циклусот, за да се заштити ембрионот кој се развива.

Но, вагиналниот исцедок кој има непријатна миризба, необична боја или текстура, може да означува дека нешто не е во ред. Бактериските вагинози, нерамнотежата на бактерии во вагината, може да има непријатен мирис на риба, што може да биде предизвикано и од трихомонијазата, полово пренослива болест. Кај габичните инфекции се создава бел или жолтеникав слуз.



Сраснати влакна во бикини зоната

Отстранувањето на влакната околу вагината, било да се депилирате со восок или се бричите, може да предизвика создавање на поткожни влакна. Покрај тоа што резултатот е непријатен за око, понекогаш може да биде и болен. Тоа посебно е вообичаено кај жените со густи и јаки влакна.

Најчесто се создаваат на линијата помеѓу телото и нозете, каде доаѓа еластичниот раб на долната облека. Доколку подрачјето е болно, ставајте топли облоги и избегнувајте бричење или депилирање со восок. Тоа може да се повлече само од себе, но за сите останати обиди за отстранување, поразговарајте со лекар. Доколку црвенилото не се повлече, можеби станува збор за инфекција за која е потребна терапија со антибиотици, па затоа закажете преглед.

Кивање и подмокрување

Доколку после кивање треба да бришете и друг дел од телото покрај носот, можеби имате т.н. стрес-инконтиненција. Ова пореметување се разликува од преактивниот мочен меур, кој, пак, се карактеризира со ненадејни потреби за мокрење. Она што се случува е напрегнувањето за време на кашлање, кивање, смеење или вежбање ги притиснува ослабнатите кружни мускули, задолжени да ја задржат урината да не протекува.

Иако сите жени спаѓаат во ризичната група од стрес-инконтиненција, пореметувањето најчесто се појавува после породувањето. Доколку не исчезне само од себе после 6 до 12 седмици, од помош би била физикалната терапија или, пак, хируршки зафат.

Акни на грбот и на задникот

Заради акните на грбот ќе треба да се откажете од омилениот фустан со разголен грб или од маиците на прерамки, но не очајувајте бидејќи постапката за нивно отстранување не е поинаква од справувањето со акните на лицето.



Закажете преглед на дерматолог, кој ќе ви даде соодветна терапија, а во меѓувреме нив ќе ги смирите со гелови или сапуни за отстранување на акни кои содржат аспирин, салицилна киселина или бензоил пероксид. Чировите на задникот ќе ги смирите со топлина, на сличен начин како справувањето со сраснатите влакна на бикини зоната. Доколку тие станат навистина големи, црвени и чувствителни, можеби станува збор за инфекција, за која потребен ќе ви биде лекарски преглед.

Гасови

Подуеноста е неизбежна појава која е резултат на ферментација на цревните бактерии предизвикани од консумација на тешко сварлива храна, или пак, од голтање на воздух при џвакање на храна или пиење на пијалак.

Мажите имаат гасови 14-25 пати на ден, а жените двојно помалку. Доколку сте бремени, високото ниво на прогестерон го забавува варењето на храната, што исто така може да предизвика гасови. Оштетувањето на мускулите или нервите околу ректумот при породување, исто така може да предизвикува подуеност.

Мокрење за време на сексуален однос

Тешко е да се воочи дали коиталната инконтиненција е предизвикана од преактивен мочен меур или од напрегнување. Понекогаш, оваа појава може да се помеша и со женската ејакулација, при која мочниот меур нема никаква улога. Без оглед на причината, физикалната терапија во карличниот предел може да помогне. Третманот вклучува Кегелови вежби и зајакнување на мускулите на вагината, уретата и ректумот.

Прекумерен ушен восок



Лекарите велат дека се случува постојано луѓето да доаѓаат на преглед жалејќи се на ослабен слух, а всушност да имаат ушен восок. Секое ненадејно губење на слухот треба да се третира како итен случај, бидејќи би можело да укажува на мозочен удар или сериозна инфекција на ушите. Но, загубата на слух во случаите кога е виновен ушниот восок, се одвива постепено, иако понекогаш пациентите од восокот стануваат наглуви и ненадејно.

Иако сите произведуваме приближно иста количина на восок, некои од нас не го отстрануваат добро или им се лачи повеќе. Затоа, можеби треба да побарате помош од лекарот, како би го исчистиле. Не го превземајте тоа во свои раце бидејќи ушните стапчиња смеете да ги користите само на надворешниот дел од ушната школка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби