Отриено зошто црвеното месо е штетно за човекот

Многу се говори за штетноста на црвеното месо, но тоа сепак не е толку опасна намирница. Црвеното место всушност станува штетно во комбинација со бактериите од човечките црева.

Ако тие не си ја вршат работата како што треба тогаш црвеното месо може до доведе до штетни последици. Неодамнешната вест која се прошири во светот дека овој вид на месо не е толку штетно колку што се говореше до сега развесели многумина. Меѓутоа, радоста беше кратка бидејќи најновите истражувања покажуваат дека црвеното месо сепак не е добро за здравјето на срцето.

Американските научници од клиниката во Кливленд појаснија дека комбинацијата на бактерии кои се наоѓаат во нашите црева и хранливите материи од црвено месо може да доведе до атеросклероза или до формирање на наслаги во артериите што пак доведува до болести на срцето.

Иако човечкото тело произведува карнитин во количини доволни за производство на енергија, сепак постои ризик од срцеви болести и тоа поради овој вид на храна богата со Л-карнитин како црвеното месо. Што се поголеми количините на таквите намирници во организмот, толку се поголеми шансите за срцеви болести.

Како што појаснуваат експертите, Л-карнитинот не е проблем само по себе, но може да стане. Тоа зависи од начинот на кој бактериите си ја извршуваат својата функција во цревата, односно на кој начин го извршуваат процесот на варење на храната.

- Да се надеваме дека нашите откритија ќе помогнат во пронаоѓањето на начинот за спасување на таквото лошо делување на црвеното месо, изјави др. Стенли Хазен од клиниката во Кливленд.

Експертите наведуваат дека црвеното месо не може да се нарече во целост штетно, но со неговите количини сепак не треба да се претерува. Тоа посебно важи за луѓето кои имаат срцеви проблеми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби