Здравствени проблеми кои ги предизвикуваат миленичињата

Однесувањата на миленичињата во кои спаѓаат лаењата или гребењата може да му предизвикуваат на домаќинот стрес и повреди. Издвоивме седум вообичаени начини како мачките и кучињата можат многу негативно да влијаат на вашето здравје.



Ноќните авантури на мачката ви го попречуваат спиењето

Ако навечер се превртувате во кревет бидејќи мачката си игра во спалната соба, гребе на вратата или мјаука гласно, не сте единствените. Една студија покажала дека повеќе од 50 миленици навечер го вознемируваат сонот на својот сопственик. За среќа, тоа можете да го решите ако воспоставите дневен распоред на хранење и му посветите повеќе време да на миленичето.

Кучето може да ве повреди со влечење при шетање

Прошетката со кучето е добра за вашето здравје, но исто така може да предизвика повреди. Во една болница во Велика Британија, пријавени се 37 случаи на повреди предизвикани од кучиња, а повеќето од влечење, заплеткување со синџир или соборување. Во ваш интерес е да го издресирате кучето да се однесува примерно при шетање и да ве слуша. Мора да го научите на одредени работи, за кои подоцна ќе се заштитите и вие, но и него.

Мачката преку гребењето ви носи сериозни повреди

Дали ви се рацете изгребани и изгризени? Можеби до некаде сте и вие криви. Многу луѓе кои се грижат за мали мачиња, често намерно ги предизвикуваат со рацете да си играат. Тоа може да изгледа интересно на прв поглед, но вашето маче ќе порасне и ќе има остри заби и канџи. При една студија, околу 39% од испитаниците се пожалиле поради гриз од мачка. Повредите може да предизвикаат сериозни инфекции, а лечењето опфаќа хоспитализација и терапија со антибиотици. Играјте си со мачките и тоа неколку пати дневно за да го ослободи вишокот на енергија, но употребувајте играчки.



Лаењето предизвикува стрес

Сигурно комшиите многупати ви се пожалиле затоа што вашето куче постојано лае. Некои кучиња со зборот „Доста!!“ сфаќаат дека и вие лаете па тие продолжуваат да лаат. Наместо тоа, дајте му смирена команда да престане. За да го спречите непосакуваното однесување, исто така важно е да го научите кучето да лае на команда. Кога ќе го научите да лае, научете го и да престане на команда. Запомнете, миленичињата се дресираат уште од мали нозе.

Поради допирање на храната на животните – можете да се разболите

Храната за куќните миленици можеби изгледа интересно, но може да го зголеми ризикот за труење од салмонела. Најлесен начин да се заштитите е по секој контакт со храна да ги миете рацете со сапун и врела вода 20 секунди. Исто така, важно е редовно да го чистите садот во кој му ставате храна.

И вас и вашиот миленик ве јадат болви?

Без разлика на тоа колку често ги бањате мачето или кучето, болвите не можат туку така да престанат. И кога досадните паразити веќе влегле во вашиот дом, тешко е да ги отстраните. Најдобар начин да ги избегнете е редовно да ги користите превентивните лекови.

Патите од алергија на животински влакна?

Се проценува дека 10% од популацијата се алергични на животни. Или вие или некого кој го познавате почнува порано или подоцна да кашла или кива кога е во близина на мачки или кучиња. Но, се додека алергијата не е сериозна, со малку напор може безбедно да го делите животниот простор заедно со миленичето.

Доколку се придржуваме до одредени совети, миленичињата може да ви станат вистинска поддршка и утеха во секојдневниот живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби