Со текот на годините се менуваат многу нешта, но она што најмногу се менува е нашето тело. Сакале или не секој дел од него старее вклучувајќи ги и половите органи. Вагината не е ништо поразлична, па воопшто не чудете се доколку забележите дека повеќе не изгледа како порано.
Во 20-тите години од животот
По завршувањето на пубертетот, органот веќе е потполно оформен. Надворешните усни во овој период започнуваат да се смалуваат и да изгледаат потенко од претходно. Тоа се случува поради поткожното масно ткиво, кое како старееме сè повеќе се намалува.
Во 30-тите години од животот
Хормоналните промени не ретко доведуваат до промена во бојата на усните. Не вознемирувајте се доколку вашиот полов орган започне да станува потемен. Бременоста носи нови промени и тоа во однос на растегливоста на самата вагина. Доколку се породите на природен начин на вагината ќе и биде потребно некое време додека се врати во првобитната состојба. Понекогаш се потреби дополнителни вежби за да се поврати нејзината еластичност и цврстина.
Во 40-тите години од животот
Организмот полека, но сигурно започнува да се подготвува за менопаузата со што мускулите се опуштаат. Може да се почувствува тежина во долниот дел од телото, како и неконтролирано мокрење. Некои жени во овој период од животот имаат повеќе инфекции како и појава на сува вагина. За вагината да се одржи во добра форма се препорачува редовен секс.