Глината е лек за сите болести

За лековитите дејства на глината зборувал и таткото на медицината, Хипократ, кој на повеќе начини ги опишал нејзините употреби во времето на воените походи.

Војниците со глината успевале да излекуваат дизентерија, тифус и разни инфекции. Денес, се користи за лечење на разни болести почнувајќи од артериосклероза и анемија, преку воспалени дишни патишта, до иритација на кожата.

Постојат повеќе видови на глина, во зависност од микроелементите кои се наоѓаат во неа и кои ја одредуваат нејзината боја. Црвената глина помага при воспаление на половината и зглобовите, розовата помага при воспаленија на лицето, каде што се препорачуваат густи пити од глина на образите, челото и брадата. Белата глина лечи кожни болести и затоа се користи при козметички третмани на лицето и рацете (лек против брчки), додека сината се препорачува при почеток на лекувањето со глина, а потоа се преминува на останатите глини.



Но, зошто глината е толку лековита?

Таа ја зголемува отпорноста кон сите отрови, овозможува подобро искористување на храната и им овозможува на минералите и на енергијата да стигнат до клетките на човечкото тело.

Може да се користи и внатрешно и надворешно. Во козметиката се користи како маска за лице во комбинација со маслиново масло, масло од рицинус или бадем, а претставува и одличен регенератор за коса. Глината исто така може да им помогне и на личностите кои имаат зголемено ниво на холестерол, бидејќи го забрзува метаболизмот и ја зајакнува цревната флора. Може да го прочисти организмот до тој степен што целосно го намалува мирисот на пот, кој се исфрла од организмот преку отровите. Ги исфрла и ги дренира нечистотиите од крвта и другите органи.

Бања со глина

Глината во вид на облози, односно бања од глина се користи за лечење на хронични зглобни и ревматски заболувања, хронични дегенеративни болести поврзани со коскениот систем.



Лек за прочистување на организмот

Глината се произведува во гранули или прав кој може да се набави во аптека. Од неа мора да биде отстранет песокот! За терапија се прави раствор од една мала лажичка глина во прав и половина литар вода, без мешање. Овој раствор треба да отстои при текот на ноќта и потоа се пие во следниот редослед:

Првата недела се пие наутро и на празен стомак, без да ја измешате. Втората недела прво ја промешувате со дрвена лажица и ја оставате да отсои неколку минути, а потоа ја пиете наутро на празен стомак. Третата недела исто така прво ја промешувате па потоа ја пиете на гладен стомак.

Првото лекување со глина би требало да трае три недели, потоа следува една недела пауза, па повторно лекување од три недели. Оваа терапија се практикува за време на промената на годишните времиња.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби