Сунѓерчето за садови е најголемата опасност во домот?!

Дали знаете дека сунѓерчето за садови е највалканиот предмет во вашиот дом? Да, повалкано е дури и од тоалетната шолја и корпата за отпадоци. Тоа во себе има многу дупчиња и отвори, кои дозволуваат во него да се складираат многу микроорганизми. Луѓето најчесто ги плакнат сунѓерчињата, но она што треба да се направи е да се санираат.



Кога ги бришеме остатоците од храна од валканите садови, даските за сечење и од масата, патогените материи од нив се провлекуваат низ дупчињата на сунѓерчето. Додека тоа седи водено до неговата наредна употреба, се создава одлична средина за бактериите да се размножуваат, и тоа со изненадувачка стапка на секои 20 минути.

Имено, кога чистиме остатоци од живо месо, постои голем ризик од отровната бактерија салмонела. Но, ниту вегетаријанците не се безбедни – зеленчукот исто така содржи бактерии, а преку сунѓерчето може да се пренесе ешерихија коли, која предизвикува пневмонија, дијареа и воспаление на мочните патишта.

Доколку мислите дека со сунѓерчето сте успеале да ја исчистите чинијата, всушност таа најверојатно е уште повалкана отколку пред да ја истриете. Сапуницата и водата не ги уништуваат бактериите, туку само ги одмиваат. Но, доколку користите валкано сунѓерче, на чинијата додавате дополнителен слој од уште полоши бактерии.



Важно е да знаете дека она сунѓерче кое има непријатна миризба всушност крие многу бактерии. Затоа треба редовно да го менувате со ново.

Доколку сакате да го дезинфицирате, најдобро е да користите раствор со варикина (средство за избелување на база на хлор). Наполнете еден сад со вода и додадете малку варикина (во размер од 9:1), покиснете го сунѓерчето и потоа оставете го да се исуши целосно. Растворот не го употребувајте повторно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби