Намирници кои ќе ве држат подалеку од една од најсмртоносните болести

Дијабетесот е една од најраширените болести која може лесно да биде спречена. Таа е седми причинител за смртност во светот, а шокантно е тоа што сè почесто е дијагностицирана меѓу луѓето помлади од 20 години. Една од главните причини за појава на дијабетесот е исхраната, благодарение на која можете да боледувате од дијабетес, но и да ја спречите неговата појава.



Еве кои намирници треба да ги консумирате за да не бидете меѓу оние кои патат од оваа болест:

Зелен листест зеленчук

Темниот листест зеленчук, како што се кељот, спанаќот, блитвата и руколата, е богат со хранливи материи кои воспоставуваат рамнотежа во нивото на шеќер во крвта. Исто така, изобилува со влакна кои ја помагаат функцијата на инсулинот, бидејќи тие го забавуваат отпуштањето на шеќер во крвототкот.

Мастите можат да го блокираат патот на инсулинот до клетките, а во комбинација со шеќерот ќе направи уште поголема штета, бидејќи мастите го блокираат шеќерот да дојде до клетките, шеќерот се враќа во крвотокот каде предизвикува понатамошна штета. Од друга страна, зелениот листест зеленчук не содржи ниту шеќери, ниту масти, туку изобилува со магнезиум кој го подобрува крвотокот, како и хлорофил, железо, калиум, витамини А и Ц и растителни влакна.


Црн грав

Грав и мешунки

Гравот и мешунките со богати со магнезиум, растителни влакна, железо и калиум. Покрај тоа, одличен извор се и на растителни белковини, од кои ќе се искористи инсулинот, за разлика од белковините од животнинско потекло, кои го зголемуваат нивото на инсулин.

Пробајте го сланутокот, кој изобилува со протеини и Б витамин, како и црниот грав, леќата и грашокот.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови, како што се оревите, бадемите и индиските ореви, се богати со влакна и здрави масти кои го забавуваат ослободувањето на шеќер во крвотокот. Исто така, тие имаат низок гликемиски индекс, додека изобилуваат со белковини, железо, магнезиум и други витамини и минерали. Но, од нив доволна е само мала количина, па затоа немојте да ги јадете како бонбони.

Семки

Семките од тиква, чиа, лененото семе, сончегледот или конопот, се богати со железо, калиум, калциум, магнезиум, белковини и растителни влакна, а покрај тоа имаат низок гликемиски индекс.


Чиа семе

Јаглехидати со низок гликемиски индекс

Тие се од голема важност во намалувањето на ризикот од развој на дијабетес. Тука се вбројува зеленчукот без скроб, коренестиот зеленчук, свежото овошје наместо сушено, како и житарки од цело зрно богати со влакна, како што се зобните снегулки, јачменот, кинуа, просо и ’рж.

Житарките од цело зрно би требало да бидат еден вид од житарките кои ги консумирате, бидејќи, на пример, оризот изобилува со јаглехидрати, но содржи малку влакна, што ќе предизвика неочекуван и брз раст на шеќерот во крвта. Избегнувајте обработени јаглехидрати, како што се сушеното овошје, јогурт со овошен вкус, рафинирани пекарски производи, житарки, крекери и чипс.

Зеленчукот без скроб, како брокула, аспарагус, зелка, артичока, лук, кромид, карфиол, целер, тиква, репка, моркови и сиот друг зеленчук со зелена боја, би требало да се наоѓа во поголемиот дел од нашите оброци за да имаме најоптимално ниво на шеќер во крвта, за превенција на дијабетес, како и за одржување на здрава телесна маса.



Во благотворно овошје се вбројуваат бобинките, јаболките, бананите, портокалите, крушите, цитронот, лимонот, краставиците, доматите, авокадото и дињата, бидејќи имаат понизок гликемиски индекс од останатото тропско овошје, како и од сушеното овошје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби