Салеп: Колку е здрав овој стар пијалак?

Салепот, како доста популарен пијалак на овие простори донесен од Истокот за време на владеењето на Османлиите, некогаш бил неизбежен дел од понудата на нашите слаткарници. Но, во втората половина на 20-тиот век овој сладок напиток станал заменет од модерните пијалаци.



Инаку, салепот е густ напиток кој се прави од мелен корен од родот орхидеи (Orchis mascula), кој расте на ливади или во шума, а се пие топол. Исушениот прав на оваа билка се додава во топла вода или млеко и се служи со цимет или ѓумбир, кој на крајот се попрскува одозгора. Најчесто се служи кога температурите се ниски, со цел телото да се загрее, а самиот напиток има лековити својства, благодарение на билката од која се прави.

Не само што е вкусен, салепот има многу лековити моќи. Станува збор за исклучително здрав пијалак кој е богат со полисахариди, протеини, масти и карбохидрати. Особено е корисен да се пие при стомачни тегоби, за ублажување на болките на грлото, како и за лечење на бронхитис и искашлување на секретот од белите дробови.



Зборот „салеп“ има арапско потекло, а во буквален превод значи „лисичји тестиси“, бидејќи изгледот на коренот оваа билка потсетува токму на тие органи на ова животно. Салепот како напиток датира уште од римското време, во кое бил сметан за моќен афродизијак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби