Што сè може да издржи нашето тело?

Издржливоста во екстремни услови се зајакнува преку тренинг, но генерално може да издржиме скоро 3 недели без храна, 3 дена без вода и само 3 минути без воздух! На што сè е подготвено нашето тело?

Високи температури



Повеќето луѓе мислат дека нема да можат да издржат повеќе од 10 минути изложеност на 60°С и сметаат дека тоа е човечкиот максимум на издржливост на високи температури. Сепак, науката докажала дека температура од 140°С е смртоносна за човекот и тоа за неколку секунди, додека пожарникарите под целосна заштита и опрема може да издржат и температура до 95°С.

Ниски температури



Преживувањето на екстремно ниски температури повеќе е поврзано со температурата која може да ја задржи нашето тело, со помош на движењ и заштитната опрема отколку со самата температура на воздухот. Ладењето на телото почнува со намалување на  телесната температура на 35°С, а губењето на свест настапува на температура пониска од 27°С. Се смета дека температурата на телото под 22°С е смртоносна. Исто така, научниците докажале дека хипотермијата настанува по пола час поминати во вода со температура од 4°С.

Телесна температура



Кога сме болни доаѓа до пад на имунитетот и зголемување на телесната температура. Доколку температурата достигне до 44°С доаѓа до оштетување на мозокот, а само еден степен погоре настапува смрт. Причината за тоа е што зголемувањето на температурата доведува до распаѓање на протеините во телото и „варење“ на органите!

Зрачење



Радијацијата претставува долгорочна закана со оглед на тоа дека предизвикува мутација на ДНК, што во повеќето случаи претставува причина за рак. Сепак, колку зрачење може да не убие? Нуклеарниот инженер Петер Каракап тврди дека границата е меѓу 5 и 6 (Sv) Сиверти, по што следи дестабилизација на клетките и смрт. Еден сиверт предизвикува промени во крвта, од 2 до 5 сиверти предизвикуваат мачнини, губење на коса, внатрешно крвавење и најчесто пациентот завршува со смрт, а над од 6 сиверти се смртоносни. Како илустрација, работниците во Фукушима, за време на нуклеарната катастрофва биле озрачени од 0,4-1 Sv. 

Надморска висина



Ако атмосферскиот притисок падне под 57% - еквивалент на 4572 метри надморска висина, луѓето ќе почнат да се онесвестуваат. Планинарите се поиздржливи на притисокот од надморската висина, бидејќи нивното тело постојано го изложуваат на пад на нивото на кислород, но дури и да бидат опремени со кислород, нема да може да преживеат на висина од 7925 метри.

Глад



Можеби се смета дека човекот издржува само 3 недели без храна, но досегашните екстремни случаи ги поместуваат границите. Овде најмногу влијае телесната тежина пред гладувањето, па така колку е поголема телесната тежина – толку подолго телото може да црпи резервни хранливи материи. Сепак, по 45 дена глад се губи околу 30% телесна тежина, а токму оваа промена предизвикува смрт.

Дехидратација



Повеќе од 80% од луѓето не можат да издржат без вода повеќе од 3 дена, а 7 дена без капка течност секогаш се фатални.

Без воздух



Повеќе од 80% од луѓето може да издржат околу 2 минути без воздух, а потоа се јавува несвестица, па ако и понатаму нема воздух настапува смрт. Но, со разни вежби за дишење, медитација и зголемување на капацитетот на белите дробови границата може да се помести. Постојат нуркачи кои без кислород во контролирани услови успеале да издржат без воздух цели 17 минути!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби