Лековито овошје кое неправедно го запоставуваме

Мушмулите се лековито овошје кое има благотворно дејство врз целиот организам, но изгледа дека не ја добиваат потребната популарност колку што би требало. Мушмулата е природен лек и вкусна ужина која можете да ја искористите на бројни начини.



Мушмулите потекнуваат од југозападна Азија, а илјадници години ги користеле припадниците на бројни цивилизации заради големата лековитост. Но, во последно време, со увозот на разновидното овошје, мушмулите останаа неправедно запоставени.

Ова овошје претставува силно противвоспалително средство кое благотворно делува на целиот организам. Со векови се користат за тегоби при варењето бидејќи го разбиваат цревното и желудочното воспаление и ја елиминираат подуеноста. Исто така, заради нивното антивирусно и антибактериско дејство, овие плодови помагаат при ублажување на воспалението на крајниците и дишните патишта.

Мушмулите содржат белковини, јаглени хидрати, танин, пектин, органска киселина (јаболкова, винска и лимонска). Изобилуваат со витамин Ц, како и со витамините од групата Б. Богат извор се на калиум, калциум, железо и магнезиум.



Зрелите плодови се одличен лаксатив и диуретик. Благотворно делуваат при воспаление на желудочната слузница, но и при многу други желудочни тегоби.

Пектинот, кој е присутен во ова овошје, помага во снижување на нивото на холестерол, ја подобрува работата на цревата, спречува констипација и помага во лечење на разни воспалителни процеси во организмот.

Зелените плодови не се погодни за консумација, но во облик на чај се користат за лечење и ублажување на многу здравствени нарушувања, како на пример запирање на дијареа и крварење.

Зелената мушмула е позната и како одлично противвоспалително средство кое помага при лечење на афти во усната шуплина.

Листот од ова дрво се собира на пролет за лековити цели – во облик на чај многу е делотворен во запирање на крварењето и за лечење на болести на непцата и усната шуплина.



Цветот од дрвото се бере во периодот од мај до јуни, се суши на светло место и се консумира во облик на чај за подобрување на работата на дигестивниот систем.

Кората од дрвото, пак, се собира на пролет или есен. Во народната медицина се користи за лечење на маларија.

Дури и семките од мушмулата имаат лековити својства. Слузот ослободен од семките потопени во вода се користи за подготовка на облоги, кои имаат ефикасно дејство во лекување на помали повреди на кожата.

Се користат и за елиминирање на камен во бубрезите, но кај овој вид на терапија потребен е стручен надзор, бидејќи семките содржат одреден процент на цијановоднична киселина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби