Стоп за непријатниот херпес

Доколку за време на зимата имате проблеми со херпесот, знаете дека не сте единствени бидејќи многумина се соочуваат со оваа непријатна појава. Станува збор за заразна болест предизвикана од вирус за кој нема конкретен лек, но кој може да се спречи и контролира со следење на одредени правила за исхрана и стил на живот.



Оралниот херпес се добива преку инфицирање со вирусот херпес симплекс тип 1, кој најчесто е поврзан со инфекција на усните, усната шуплина и лицето. За разлика од гениталниот херпес, кој е предизвикан од вирусот тип 2 и кој се пренесува преку полов контакт, овој тип на херпес може да го добиете преку бакнеж, консумирање на храна или пијалак од заразен сад, но и доколку сте во близина на заразено лице кое кашла и кива.

Присутноста на вирусот во телото не значи и негова манифестација на кожата. Некои статистики покажуваат дека повеќето луѓе до 20 години од животот се заразуваат со вирусот на оралниот херпес, како и дека вирусот останува заспан, односно некативен во телото после активна инфекција.

Вирусот повторно ќе се активира во облик на красти на лицето и усните, како и во вид на бели балончиња кои се појавуваат само кај 20 до 40 проценти од луѓето, и тоа кај оние кои патат од ослабен имунитет, хормонален дисбаланс или екстремен емоционален стрес.



За да се забрза лекувањето на оралниот, некои на лицето нанесуваат облоги од алое вера, каша од леќа и сода бикарбона, но суровата вистина гласи дека за вирусот не постои лек.

Рецептите од бележниците на нашите баби може да ни помогнат да ја дезинфицираме раната и да го спречиме нејзиното ширење. Така на пример, можете да преполовите едно чешне лук, да го ставите директно на заразеното подрачје и да го држите така една минута, а постапката да ја повторувате неколку пати во текот на денот.

Она што треба да го имате во предвид е дека само силниот имунитет може да ги смири симтомите на инфекцијата и да го спречи нејзиното зачестено повторување.

Еве три совети кои треба да ги следите:



- Свежо цедениот сок од овошје и зеленчук е одличен извор на антиоксиданси, витамини и минерали кои ќе ви го зајакнат целокупниот метаболизам. Консумирајте повеќе свежи сезонски намирници богати со хранливи материи, а избегнувајте ја индустриски преработената храна, рафинираниот шеќер, големите количини на сол, како и прекумерната консумација на алкохол.

- Не заборавајте на физичката активност ни за време на зимските месеци. Дури и доколку ниските температури ве спречуваат во омилените активности, како трчање на отворено или возење велосипед, тоа не значи дека треба да се залежите. Организмот значајно ќе го зајакнете со чести и интензивни прошетки, а телото задолжително обезбедете го со доволна количина на сон.

- Избегнувајте го стресот колку што е во ваша моќ. Одвојте секој ден по малку време само за себе, кое ќе го поминете во омилената активност за релаксација, како медитација или читање на омилената книга. Помогнете си и со природните средства за зајакнување на имунитетот, како капки од билката ехинацеја или прополис.



Спречете го ширењето на херпесот!

Балончињата и раничките на херпесот на лицето се исклучително заразни, па затоа избегнувајте го допирањето на ова место со голи раце. Никако немојте да ставате контактни леќи откако сте ја допреле раната или воопшто да се фаќате за очи, бидејќи херпесот лесно може да ви се пренесе на очите и да ги оштети. Исто така, немојте да бакнувате други луѓе доколку сте инфицирани – особено деца и постари лица со намален имунитет, бидејќи ќе го загрозите нивното здравје.

Немојте да ги делите вашите чинии, чаши и прибор за јадење за време на акутната зараза, за да не им се пренесе вирусот на вашите домашни. Истото важи и за крпите за бришење лице и раце. После употреба добро стерилизирајте ги предметите со врела вода и со соодвено средство за чистење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби