Доколку подолго време се борите со вишокот килограми и никако да се решите од него, ова е совршеното решение за вас. Подгответе го магичниот напиток од здрави и природни состојки и за пет дена намалете ја тежината за дури 3 килограми! Покрај витката линија, овој напиток е добар и за целокупното ваше здравје.
Потребни состојки:
- 1 китка магдонос
- 1 лимон
- 1 чаша вода
Подготовка:
Ситно исечкајте го магдоносот (најдобро во блендер), исцедете го сокот од лимон и сето тоа помешајте го во една чаша со вода.
Начин на консумација:
Сокот треба да го консумирате наутро на празен желудник, само 5 дена, а потоа да направите пауза од 10 дена.
Напитокот помага за согорување на калориите, но и го храни телото со витамини и минерали. Покрај тоа, магдоносот го подобрува варењето на храната и ни овозможува брзо да се ослободиме од задржаните течности во организмот, кои нè прават да изгледаме подебели отколку што навистина сме.
Напомена: Пред да се одлучите да почнете со консумација, добро би било да се консултирате со вашиот лекар.