Науката потврдува: 1 минута вежбање го подобрува здравјето

Одлични вести за мрзеливите кои не сакаат да вежбаат со часови за да го одржат своето тело здраво. Научниците докажаа дека дури и една минута интензивно вежбање може да направи позитивна разлика за човечкиот организам.

Студијата објавена во списанието PLOS ONE, покажува дека дневно ви се доволни не повеќе од 10-тина минути тренинг за да се одржите во форма и да ја подобрите состојбата на целокупното тело. За време на студијата 14 здрави луѓе, но со прекумерна тежина, најпрвин започнале со минимална активност, за потоа постепено да завршат со три тренинзи во текот на неделата. Во секоја сесија од вежби на статичен велосипед интензивно ги вртеле педалите во рок од 20 секунди, за потоа да продолжат да вртат само со послабо темпо. Во 10-те минути биле вклучени и вежби за загревање и смирување.

На крајот од студијата, се забележани значителни промени во здравствената состојба на испитаниците. Истите во просек имале 12 проценти поголема кардиоваскуларна издржливост и постабилен притисок. Кај мажите е забележано подобрување и во контролата на шеќерот во крвта, што од друга страна помалку се забележува кај жените.

Според научниците за да ги постигнете саканите резултати не мора да имате статичен велосипед, туку сосема е доволно да практикувате било какви кардио вежби. Интензивниот тренинг можеби нема да ви даде тело како модел од Victoria’s Secret, но три минути интензивно вежбање се сосема доволни за добросостојбата на вашиот организам особено кога немате време да одите на некаков вид тренинг и сте преморени од секојдневните обврски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби