Колку сте свесни за опасните состојки во козметиката?

Секојдневното користење на козметиката внесува во телото опасни хемикалии, кои може да доведат до проблеми со кожата, главоболка, малформација на фетусот и неплодност!

Шминките преовладуваат со хемикалии кои им го продолжуваат рокот на траење и ја чуваат бојата иста како на почеток. Научниците предупредуваат дека тие хемикалии се опасни за здравјето и може значително да го зголемат ризикот за болести на срце, замор, губење на меморијата, кожни проблеми, па дури и рак!

Секојдневното користење на козметика дополнително го зголемува ризикот од наведените болести бидејќи хемикалиите се таложат во организмот, сметаат лекарите.

Фталати

Овие нафтени деривати се користат во парфемите, кармините, лаковите за нокти и коса, односно во козметичките препарати кои имаат наведено „fragrance“ или „parfum“.

Фталатите навлегуваат во крвотокот и го напаѓаат женскиот хормон естроген, пореметувајќи ја хормоналната рамнотежа. Тие може да го предизвикаат телото да го намали или зголеми производството на одредени хормони. Кај мажите, фталатите предизвикуваат намалено производство на тестостерон, што доведува до проблеми со плодноста.



Тие го олеснуваат влегувањето во менопаузата. Жените кои во крвта имале поголема концентрација на опасни фталати влегле во менопауза 2 до 3 години порано од другите. Исто така, се поврзува со зголемен ризик од рак на дојка, дијабетес, дебелеење и неплодност.

Парабени

Парабените во козметиката се користат како конзерванси и го спречуваат создавањето на бактериите и габичките во шминката. Сепак, проблемот е во тоа што се однесуваат исто како фталатите, па влијаат врз естрогенот и го зголемува растот канцерогените клетки.

Особено внимание треба да се обрати на парабените како што е метил парабен, етил парабен и изобутил парабен, кои се апсорбираат директно во крвотокот, а се наоѓаат во дезодорансите и хидратантните кремови.

Формалдехит

Опасниот и канцероген формалдехит штити од бактериите и има улога на антисептик во шампоните, регенераторите, кремовите за лице, кремовите за бричење, гел за коса и млеко за чистење на кожата. Се појавува и под друго име како што е имидазолидинил уреа, формалин и формалит. Формалдехидот ги иритира дишните патишра, може да ја влоши состојбата на пациентите кои патат од астма, а одговорен е и за алергиски реакции на кожата, вртоглавици, главоболки и проблеми со очите.

Дибутил фталат

Хемикалијата дибутил фталат која е составен дел од лаковите за нокти се поврзува со неплодноста кај мажите и малформацијата на фетусите. Европската комисија ја забрани употребата на дибутил фталат во 2004 година, но во САД се уште се користи.

Влегува директно во крвотокот, а научниците тврдат дека е многу опасна состојка, која мора да ја избегнувате.

Сулфати

Сулфатите се составен дел од шампоните, тониците за чистење лице и геловите за туширање. Најчесто содржат 1,4-Dioxan кој има канцерогени својства и отстранувачки природни масла поради што откако ќе го употребите тоникот на кожата, таа станува исушена и затегната. Најчесто предизвикуваат иритација на кожата и очите.



Толуен

Толуенот се добива преку дестилација на бензинот или сува дестилација на јаглен и се користи во производството на лакови и бои за коса. Ја згуснува бојата и го продолжува нејзиниот век на траење. Може да предизвика проблеми со дишењето и имунитетот, мачнини, рак, а во бременоста се поврзува со проблеми со растот кај плодот.

Минерални масла

Минералните масла се нафтени деривати кои се користат во хидратантните кремови, регенератори, парфеми, балзами за усни и сенки за очи. Одлично ја задржуваат влагата и може премногу да навлезат во кожата, поради што лицето брзо се суши ако не нанесете крем. Со тоа, кожата создава една зависност од крем.

Пропилен гликол или полиетилен гликол

Нафтените деривати меѓу кои се пропилен гликол или полиетилен гликол се дел од дезодорансите, лосионите после бричење, гелот за коса, шампоните и кремовите. Исто како и минералните масла, помагаат во задржување на влагата во кожата, но и го спречуваат развојот на новите клетки во кожата. Ја иритираат кожата и канцерогени се, а полиетилниот гликол се користи и при производството на антифриз.

Butylated hydroxyanisole (BHA)

Butylated hydroxyanisole е забранет во Европа, но затоа се уште се користи во САД. Директно влегува во крвотокот и го менува ендокриниот состав, а е составен дел од маскарата, коректорот, руменилото за образи и сјајот за усни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби